В сабота по пауза од една година Скопските Црвено Црни повторно на, фигуративно, европска сцена. Во култната Јане ќе го пречекаат еден од најдобрите германски тимови во изминативе децении, Рајн Некар Левен. Лавовите од Мајнхајм, инаку наши редовни муштерии, овојпат тргнаа на пат без дијазепами.
Овој Вардар е сосема нов тим.
Долго траеше германската фрустрација, некаде од 2014 тата, Лавовите паѓаа и кога во своите редови пукаа на сите страни од ѕвезди. Во тој период Вардар успеа да дојде до троeн настап на Ф4 турнирите во Келн а РНЛ, само сонуваше. Рака на срце и тие имаа прилика да го почуствуваат жарот на Ф4 турнирите но доста порано, 2009 и 2011, но со слаб успех.
Ѕвездите на Вардар не му се наклонети. Прочитав дека Марс влегува во Вага, и дека диспозицијата е доста поволна, но исклучително е јасно дека ќе треба чудо за да Вардар го мине овој двомеч.
ТИМ
РНЛ е навистина респектабилен клуб. Основан пред само дваесетина години во 2002 година, два пати ја освоија титулата во нај јаката лига на светот, два пати купот, три пати суперкупот и еднаш ЕХФ купот. Со цвоите впечатливи жолти дресови, Лавовите се пример за врвен спортски ракометен клуб.
ИГРА
Играта на Лавовите е константа, креативна, жестока, брза, убоита.
ИГРАЧИ
Базирани на германски снаги со значителна легија на скандинавци и малку балкански шмек во ликот и делото на Халил Јагањац. Ги издвојувам и легендите Грецки, Генсхајмер, Апелгрин и Колбахер, искусните Гисласон и Киркелоке, како и новите надежи, Кнор и Јагањац.
ТЕРЕН
Вардар игра дома, попусти се повиците по социјалните медиуми, прес конференциите и написите по весниците, публика ќе има на прсти да се изброи. Профилот на просечниот македонски навивач одамна прозрен, клубот се сака само при освојување на Шампионска титула и тоа против Барса да е ! Дај боже да грешам па утре да ме замолкнат 5000 Вардарови фанови.
СУДИИ
Во хајката против Македонија, свој удел има и ЕХФ, делегирањето на анонимуси, во дуел на два европски великани, понижувачки, а номинирање на бугарски делегат, провоцирачки. Однапред се оградувам од вокабулатор кој ќе биде активен во Јане утре.
МОТИВ
Во зборовите на тренерот Недановски: Вардар ќе беше фаворит доколку ни паднеше друг тим, барем на хартија, па притисокот ќе беше врз нас и нашите играчи, од друга страна имаме среќа да играме со најдобрата екипа, па оваа млада екипа ќе има прилика да ужива и да учи. Не е тајна и дека Вардар спрема напад и ќе пробаме да ги изненадиме, играме 7 на 7 на терен со познати димензии!
Сабота 26.08.2023 СЦ Јане Сандански, Скопје Македонија, 19:00 ч
ЦЕЛ ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ !
PS Во најавата германците потсетија како се завршуваа нивните гостувања во Скопје но нотираа дека еден нивни лав поранешен сега е на чело на овој Вардар.