Како на двомечот со Романија гледа еден од новиот бран млади но сепак искусни тренери, Веко Мицевски. Тренер на ЖРК Спартак и професор во Спортската академија.
Натпревар за докажување, но и момент кој треба да го запазиме за да видиме до каде сме и дали сме на вистински пат.
Играме со противник кој има континуитет на учества на големи натпреварувања, каде што преку нашата репрезентација гледа излез повторно на големо натпреварување.
Нашата репрезентација е млада со неколку поискусни-долгогодишни репрезентативки и ни даваат некоја скриена надеж дека со максимална мотивација и пожртвуваност, кога е во прашање репрезентативниот дрес, можеме да дојдеме до позитивен резултат на овој двомеч со Романија.
Нема многу што да се кажува за противникот кој е предводен од една од најдобрите и најплатените играчи на денешницата- Неагу.
Сакам да ги потенцирам нашите позитивни страни кој можеме добро да ги искористиме за да не му дозволиме на противникот лесно да се разигрува и да дојде до лесни погодоци.
Пред се на овој натпревар, односно најбитно е да се одигра одбрана која би била агресивна до исклучување за да му покажеме на противникот дека сме дојдени да играме за позитивен резултат.
Со добрата одбрана да овозможиме на нашите голмани да одбранат повеќе топки и да ја искористиме брзината на нашите крила предводени од Сара Ристовска.
Во одбраната сепак треба да се обрне внимание на Неагуи на тоа место би поставил играч кој може да одговори со цврстина а тоа е Моника Јаневска и тоа во формација 6-0 .
Исто така можеме да одиграме и 5-1 одбрана каде што предниот играч би посветил повеќе на Неагу и на нивната посилна лева страна.