Текстов ќе биде едноставен:
- Ракометот со години е спорт број 1 во Македонија. И не само по популарност, ами и по организираност, посветеност на голем број луѓе, ракометни вљубеници и ентузијасти.
- Ракометната Федерација на Македонија во континуитет и покрај некои недостатоци, обезбедува одлични услови пред се за репрезентациите, но и за самото натпреварување во рамките на Македонија.
- Металург и Вардар со своите сензационални сезони во Лигата на Шампиони, на младите им создадоа амбиент дека со многу труд и посветеност, за релативно кратко време и тие можат да бидат дел од тој ексклузивен крем на ракометот. Во секој друг колективен спорт во Македонија тоа е еднакво на Научна Фантазија.
- На чело на оваа генерација се две Македонски ракометни легенди, Раде Стојановиќ и Бранко Ангеловски, луѓе со огромен ракометен бекграунг а без суета !
- Фантастична физичка подготвеност, благодарение на Докторот за Кондиција Златко Јанакиевски.
- Во тимот нема изразена ѕвезда.
- Скаутингот што го работел стручниот штаб очигледно перфектен.
- Безмалку сите деца играат во Супер и Прва лига. А тимовите очигледно се повеќе внимание посветуваат на младите категории.
- Некои нови клубови донесоа свежина во Ракометниот етер, Аеродром, Алкалоид, Голден Арт… а некои од постарите сеуште се извор на ракометни бисери.
- Одлична ротација
- Екипата е компактна, селектирана подолг период но заедно само од јуни 2022, за неа е ова трето натпреварување.
- Сите сложно ја пејат Денес над Македонија се раѓа
- Притисокот што предавниците и надворешните непријатели со години го вршат врз Македонија и Македонците, создава сериозно движење на отпорот. Спортистите не се имуни на тоа!
Влезот во топ 10 селекции во светот е огромен успех, земајќи впредвид и фактот дека ние не изигравме ниту еден натпревар со екипи надвор од европа, уште поголем !
Овие Македонци навистина се борат ! Тие се нашите херои !