Бутел на гол од сензација !

Ракометот добива нови ривалства, а Скопје добива трето дерби. Во главна улога РК Бутел од Скопје. Без разлика на исходот на денешните натпревари станува повеќе од јасно дека веќе никој неможе со сигурност да прокнижува бодови.

Во скопската населба Бутел по бодови пристигнаа Металурзите. После почетната бркотница во која двете екипи изигра фуриозно брзо и во која подобро се снајдоа домаќините беше 5:2. Голманот Блажевски фати неколку топки а металурзите грешееа. Но темпото ги стигна, а Дупјачанец врза 5-6 одбрани. Па на полувреме домаќините имаа 1 гол негатива 11-12. Во преден план беа одбраните, подвижни и задоволително агресивни. Нападите на двете екипи со недостаток на решенија.
Убаво беше да се види енергијата на клупата на легендарниот македонски репрезентативец Иве Марковски. Тој знае дека на Металург му треба сериозен рестарт и промена на односот кон играта.

Второто полувреме донесе неизвесност која секој вистински љубител на спортот ја сака. Адреналинот што се лачеше во последните секунди на Ф4 кога прво Циндриќ а потоа и Чупиќ, ни го обезбедија местото во вечната листа на шампиони, неможе нити со биткоини да се купи.

Жестокото темпо, добрата игра во одбрана продолжи. Кај металурзите се почувствува недостаток на ротација и уште повеќе на кондиција која новиот тренерски тим веќе почна да ја корегира. Пикерот на Бутел беше нерешлива енигма за Металург. Марковски ги исцрпе сите можности, па ремито може и да го радува, трудејќи се на екипата да и го смени лузерскиот стил. Дека не е само Дивиот ветеран што вреди, покажа Дупјачанец, кој во последните минути буквално го затвори својот гол. Парадигмата дека голманот не добива натпревари ама може да ги одбрани во потполност докажана.

15.04.2021 Скопје Македонија

СЛ Разигрување

Бутел 23 Металург 23

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...