Фото Еурофарм Пелистер
Всушност многу е тешко да бидеш објективен со критиката кога нешто ти значи.
Знам јас ликови кои без трошка совест, да, без око да им трепне фрлаат дрвја и камења по се и секого и секогаш. Но да бидеш реален во животот е најтешко.
Два дена ми требаа да ја усогласам тактиката. Првите со вторите впечатоци, она што јас сакам да го видам и она што го гледам. Најкорисниот на теренот и најкорисниот според статистиката.
Не кријам, низ натпреварите на нашите Македонски тимови, го следам учинокот на нашите, македонските играчи. Јасна е крајната цел, успех на Македонскиот клупски но и репрезентативен ракомет. Да бидам совеста на секој тренер и инспирацијата на секој играч.
Па без посебен редослед, дефинитивно со сеуште не средени импресии запишувам:
Во првиот напад примаш гол без да направиш фаул, губиш 4 топки по ред, прв гол постигнуваш во 7 ма минута, Оф леле (така имам запишано во потсетникот). Голманот ти е најистакнат поединец.
На крајот на првото полувреме забележувам 12:15, премија, после 7 изгубени топки, два промашени пенали и неколку зицери, од кој оној на Костески на празен гол !
Скратувам, дел од приказната во последниот подкаст со Бице, но за крај останува впечатокот дека Пешевски е топ играч, кој треба повеќе да се користи, дека Танковски мора да поработи индивидуално, па нека биде како Талески и со спортски психолог, дека свети Павле е веќе нотиран од пошироката балканска јавност како иднината на Македонскиот ракомет, дека Костески мора да се спушти наземи и да поработи на реализацијата. Дека на Пелистер му треба лидер, битолчанец, домашен, па макар зет битолски нека биде, па макар тренер …
01.11.2022 Povoa de Varzim Португалија
ЕХФ Лига Европа
Агуас Санташ 27:29 Еурофарм Пелистер