И волкот сит и овците на број ?

Споредувајќи го овој резултат со оној ланскиот во Скопје, кога натпреварот заврши нерешено со гол на норвежаните во последната секунда, а земајќи впредвид дека Вардар е 30% посилен се извлекуваат два заклучоци. Прво, и Елверум е 30% посилен од лани, а не делува така, и второ пред Вардар следат големи искушенија во ЛШ.

Натпреварот на кој му претходеше сагата со Гурбиндо и на кој слободно можам да му кажам дека најдобро ќе му биде да си оди, почна мирно и тивко. За Вардар кој безмалку 6 минути не успеа да постигне гол, дури и одлично со оглед на резултатот од само 2:0.

Во инаку прилично халуциногената атмосфера, создадена од чудна мешавина на викингшки вувузели, борбени тапани и домашна публика која лососот за вечера го зачинила со некоја чудна сосотојка, Вардар не се снајде најдобро. Можеби само мирното темпо и не брзањето, го остави Вардар долго во минорна негатива. Како одминуваше времето играта во одбраната а на моменти и во нападот даваше надеж дека новиов Вардар има штоф.

Мартин Томовски

Човекот кој со сигурност го носи епитетот спасител и нова надеж беше Томовски. За него неколку пати пишуваме како играч со фантастична енергија и жар, а сега додаваме и несомнен квалитет и ладнокрвност. Нема да пропуштам да нотирам дека сепак и одбранат на моменти делуваше моќно и непробојно, но сепак само на моменти. Пред Вујовиќ има доста работа во синхронизирање на истата и во учење на улогите.

Тука може да забележиме како низ бројки се констатираат пропустите, па така домаќините изведоа дури 8 пенали а Вардар само 1, домаќините имаа само 1 исклучување а македонците дури 4 згора на тоа и еден директен црвен картон. Тоа не ја намалува искрата и жарот кој го имаше одбраната но исто така говори и за поголем број на ситуации во кои се создаваше дупка и премногу слободен простор.

Во нападот Вардар делуваше со доста решенија. За жал најверојатно притисокот на новаците сепак беше голем па така и покрај големиот број на играчи кои се запишаа во стрелци, беше голем и бројот на технички грешки, изгубени топки па и лошо избрани шутеви. Како најпозитивна коцка во мозаикот го издвојувам Тото. Тој е лик како од современите суперхeројски филмови и баш е добро што е во црвеноцрниот дрес. Пристојно делуваше и кубанецот со забелешка дека имаше земено за мене сепак преголем број на шутеви 10, како никој друг. Њокасите се апсолутно класа за себе и само прашање на време е кога ќе го дадат својот максимум. Мотив дефинитивно не им недостасува, како и страст за победа.

Во моментите кога Вардар дојде до +4, викинзите забрзаа и тогаш се виде всушност неуиграност на црвено црните. Но тоа на тренинг се решава.

Од она на што сме навикнати, видовме премалку од Столе и Тимур. А факт е дека кога натпреварот се кршеше токму тие двајца заедно со серијата од три вклучувајќи ја и одбраната на ударот по истекот на времето, интервенции на Томовски го обезбедија овој бод.

Па така некако како во народната, ниту изгубивме ниту тепавме, прашања нови се отворија но убавината на овој формат на Лигата на шампионите е во тоа што веќе за 7 дена во Скопје ќе гостува Мешков. А тогаш коефицинетите ќе мора да бидат страшно ниско поставени.

15.09.2021 60°55′39″N 11°42′55″E

ЕХФ Лига на Шампиони 1 во коло

Елверум 27 Вардар 27

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...