Компјутерска дијагностика, Еурофарм Пелистер CHECK ENGINE !

Фото РК Еурофарм Пелистер

Често како водилка во коментарите после битката емоциите доминираат. Овој пат пристапот малку поинженерски. Ќе зборуваме со бројки.

Во некои наслови пишуваше дека Пелистер изиграл лошо во првото полувреме и тоа го чинело пораз. Флоскула, за овој збор во Дигиталниот речник на Македонскиот јазик стои следново објаснување: Општ израз што има за цел да ја прикрие вистината !

Пелистер во првото полувреме постигна 12, а во второто само 8, со што успеа да го изедначи најслабиот скор оваа година во Лигата на Европа на Португалците во поразот нагости во Берлин. Поврзувам, не само што одигра очајно во првото, кога прими дури 20 голови, колку што зелените дадоа за цел натпревар, туку се надополни со уште полошо второ, каде едвам постигна 8 погодоци.

Диајгностиката укажа и на уште неколку аномалии. Најпрво онаа поврзана со изјавата за заморот. Пелистер викендов одигра полесен тренинг со Тиквеш и победи со 10 разлика, па така од последниот посериозен натпревар со Мотор изминаа точно 7 денови ! Да недостатокот на неколку бекови е сериозен хендикеп, но во овој пораз можеше повеќе да извлече од младите, Павле, Емилијан.

Следната категорија изгубени топки, за жал бирократската ЕХФ никако да се издигне и да го среди овој податок, но броев до 13, сигурно, а беа многу повеќе. Ако се сетиме на европското Македонија имаше во просек 15, а добрите селекции не повеќе од 7 !

Една не толку пресудна, но категорија која дава повеќе опис за пристапот, е категоријата 2 минути. Домашните 5, гостиве фини и внимателни само 2, исклучувања.

И последната математичка категорија вели, шпанците шутираа 47 пати, Македонците 36. Голема разлика.

Драг Ларс, можеби сте слушале дека во Македонија луѓето многу импровизираат и дека не се врвни професионалци. Можеби сте слушнале дека тука за кратко време може да се заработат пари без одговорност. Драг Ларс, да Вие доаѓата од ракометна земја, но не заборавајте дека и ова мало парче во срцето на Балканот, го познава и го сака ракометот и да еднаш скромно Ве предупредивме, засукајте ги ракавите, Пелистер, Битола и Македонија заслужуваат повеќе !

06.12.2022 Некаде на Пиринејскиот полуостров

Бидасоа 32 Еурофарм Пелистер 20

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...