Народ со ваква (ракометна) младина не треба да се грижи за својата иднина

Фото ИХФ

Еден натпревар беше потребен за оваа констатација. Завршувањето на групната фаза со две победи и еден инструиран од судиите пораз, од ракометната велесила Норвешка, ја потврди мојата позитивна мисла.

Се понатаму е небитно !

Македонија покажа енергија, желба за победа, фанатична борбеност и пред се и над се карактер тимски и мудрост од клупата. Генерација која наликува на Словенија од едни славни нивни времиња, со многу опции на среден и лев, без изразити шутери, но со темпо и динамика од новата ракометна ера. Во оваа селекција за жал останавме без надворешен левучар и тоа можеби понатаму ќе не чини скапо, но во пошироката слика, во која бараме нови деца за иднината на Македонскиот ракомет работите делуваат розово.

Ќе издвојам неколку деца иако можеби и не е многу мудро, но нека биде мал ветар во грб за нив и инспирација за останатите.

На голот имаме динамично дуо од двајца дијаметрално различни типови на голмани, Галевски со конституција Ландин и Брестовац кој се чини им влегува во психата на напаѓачите.

На крилата имаме една група момци кои одлично се надополнуваат, Белистојановски Петковски, Субашевски и Стојановски.

Бековската линија составена од остра конкуренција, Шулевски, Калајџиевски, Димевски, Димковски, Митев и Стојановски ќе бидат верувам конкуренти многу брзо за сениорскиот состав.

На цртата сме исто многу интересни, Карасманакис и Ристевски, момци со импресивен габарит и игра во два правци.

Најслатко од се и фактот дека двајца и тоа најсимпатични ликови имаат само по 16 години.

Тука следи насловот…

Македонија сосема заслужено е во топ 16 во светот. Заслугите и на адреса на легендите на клупата Раде и Бранче, чија чврста рака и остра свирка се повеќе од видливи на теренот.

Независно од развојот на настаните денес и утре во дуелите со Данска и Австрија, Македонија може да биде горда на овие свои деца !

Како сугестија за во иднина, а сега факт, безмалку сите од овој ростер настапуваат во сениорски екипи во првата и суперлигата. А тоа искуство очигледно е “прајслес”.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...