ЈАМБ ВО НАЈАВА, 22.11.21-29.11.21

Издвојуваме 5 за нас најинтересни натпревари во неделава што предстои. Два многу важни европски натпревари за Пелистер и Вардар.

23.11.2021 18.45 ч Еурофарм Пелистер Татабања EHF European League Men 2021/22

Битолчани фатија залет. По острите ноти, и Бабиќ делува присутен. Шанса за Пелистер за билдање на бодовното салдо. Унгарците со доста промени во тимот.

24.11.2021 18.45 ч Киелце Барселона EHF Champions League Men 2021/22

Дали Барса ќе се освети за првиот домашен пораз, или Киелце ќе ја завери кандидатурата.

25.11.2021 20.45 ч Вардар 1961 Пик Сегед EHF Champions League Men 2021/22

Натпревар значаен, за Вардар, за играчите, за Вујо, за публиката.

27.11.2021 16.00 ч Тинекс Пролет Металург Македонска Супер Лига

Тинекс го губи здивот, доколку Металург има ростер можеби ќе гледаме возбудлив натпревар.

28.11.2021 Јуниор Кисела Вода Голден Арт Македонска Прва Лига

Како никогаш досега гледаме исклучително возбудливи натпревари во првата лига. Јуниор загуби во првиот дел од Голден Арт, а во последното коло и од Алкалоид. Доколку сака да се приклучи на борбата за врвот ова е последната шанса.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...