Југославија, ЕХФ и Викинзите !

Да почнам веднаш и искрено, многу ми е жал што не сме во вториот круг. Во ситуација кога ама баш ниту еден натпревар неможе да се подготви со стопроцентна сигурност, навистина се отвараат многу можности.

Или еве по ред, ама од крајот.

Дека северот не е студен и безчуствителен ни покажуваат изминативе денови сите Викинзи. Мали големи, просечни или моќни, тие се во моментов неприкосновените владетели на нашата омилена игра, Ракометот. Почитуваниот Жика во слоганот на неговиот портал вели, Најдобриот ракомет доаѓа одовде (мисли на Балканот) и притоа сите ние се сложуваме. Арно ама како и се во животот и во ракометот работите се движат и се менуваат.

Викинзите доминираат и тоа жестоко со срце, со страст !

За ЕХФ, има еден слоган кој ние сложно го скандираме слично како оние Зига Зага, па Момчето на Терасата… Зошто сум лут? Во изминативе 12 месеци се одржаа 3 врвни светски настани, Светско Првенство во Катар, па Олимпијада во Јапонија и сега Европско. Во меѓувреме огромен број на играчи играат Лига на Шампиони, па Лига на Европа, нашана СЕХА, квалификациии, ЕХФ недели, еј луѓе, премногу е ! Па и тие се од крв и месо. Згора сега и циркусов со корона протоколите. Создавањето на елитниот клуб за Лигата на Шампионите и континуираното делегирање на фрустрирани судии доволно ја прелеваат чашата. ЕХФ мора сериозно да се замисли која и е целта и каде го води ракометот. Ах да, додавам и комплетно конфузно изработени веб сајтови и очајни статистички податоци.

ЕХФ, време е да се рестартирате!

До пред некоја година бев апсолутен антијугоносталгичар. Но нешто се промени. Па ионака лут на западната цивилизација за сите неправди кон Македонија и македонскиот народ и тоа во континуитет до ден денешен, ја додадов и мојата родна татковина всушност, на листата на жртвите на империјализмот, Југославија.

Па во тој дух, си помислив што би било кога би било? На ова европско учествуваа сите републики од СФРЈ, куриозитет нели? Или можеби Жика сепак е во право?

Па еве накратко составив идеален тим по мој вкус со кој денешна Југославија јас би сакал да ја гледам како се бори со остатокот…

На гол Симиќ ЦрнаГора, Митревски Македонија, Цупара Србија

Лево Крило, Манасков Македонија, Милош Вујовиќ Црна Гора

Лев Бек, Дувњак Хрватска, Ненадиќ Србија

Плеј, Циндриќ Хрватска, Зарабец Словенија, Бомбач Словенија

Десен Бек, Бранко Вујовиќ Црна Гора, Лазаров Македонија

Десно Крило, Чупиќ Хрватска, Јанц Словенија

Пикер, Благотиншек Словенија, Пешмалбек Србија, Терзиќ Босна,

Пуста носталгија, само тренер неможев да одберам, еве можеби Гудмундур Гудмундсон?

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...