
Во предвечерието на завршниот турнир на ЕХФ Лигата на шампион, кој ќе започне утре на 28 декември, во сега веќе помалку култната Ланксес арена во Келн, Германија, си поставив неколку дилеми?
Првата и најважната – дали има хумана и спортска димензија воопшто овој турнир да се одигра 9 месеци по прекинот на регуларната сезона?
Втората, Начинот да делегирање на учесниците ?
Третата, Кој и да биде новиот шампион дали страствено ќе ужива во победата?
ЕХФ се покажа како навидум неискусна институција која во соработка најверојатно со ИХФ донесе низа крајно непопуларни одлуки се со цел да ги ублажи поседиците од Корона проблемите, а ракомет сепак да се игра. Времето понатаму ќе покаже дали тие одлуки биле исправни иако веќе е голем број на разочарани, клубови федерации играчи и секако да не заборавиме најважното навивачи. Од позиција на навивач на актуелниот шампион Вардар од Скопје, Македонија и жесток член на фалангата на Македонската репрезентација сигурно сум еден од најголемите губитници.
Но … ракомет сепак ќе се игра и за последен пат шампионот ќе ја подигне Шампионската рака во воздух… таа оди во историја и неа ја менува новиот пехар. Во првиот натпревар ќе ги гледаме великаните од модерната ера Барса и ПСЖ. Ќе се сретнат рекордерот Барселона со 9 титули, екипа која игра врвен ракомет со децении, екипа која во своите редови го има можеби најдобриот голман во моментов, Де Варгас, еден од најенергичните и експлозивните централни бекови Циндриќ, еден од најбомбастичните бекови Палмарсон, чудото на десна страна Мем и редица врвни ракометари предводени од сега веќе слободно можам да кажам тренерската легенда Чави Паскал.
Од другата страна ситуацијата е малку поинаква ! ПСЖ тим составен од екстра звезди, тим кој со години се мачи да дојде на тронот, тим кој го ангажираше најголемото освежување во тренерскиот занает, Раул Гонзалес, тим кој е под ултимативен притисок да се качи на тронот! Тоа воопшто нема да биде лесно изведливо. Париз цела сезона се мачи со кохерентност во тимот, го бара тимскиот дух и ја бара онаа толку многу важна а невидлива и неприсутна во ниту еден учебник ХЕМИЈА ! Ќе треба чудо да се случи за да Париз влезе во финалето, имајќи впредвид дека нуклеарното јадро на овој тим овојпат ќе го нема, Карабатиќ, а Хансен ќе треба да ја покаже врвната класа.
Во вториот натпревар сите очекуваме понеизвесна игра и натпревар. Веспрем покажа заби со високата победа против Кил, но Кил е институција Кил го има волшебникот Дувњак, го има нестварниот Ландин на голот, ја има скандинавската чета подготвена да казнува и го има младиот Јиха на клупата кој сеуште не ги кажал последните зборови. Се чини дека за нијанса Веспрем е во предност, но нијансите некогаш се недоволни. Сакам со особена гордост да напоменам дека во редовите на Веспрем играат голем број на фајтери кои знаат како се станува шампион од сенка, И кои го носат за мене црвеноцрниот дух и овојпат во Келн, а тоа се Вардаровите Македа, Шишкарев, Мораеш, Борозан, Манасков и на клупата Давид Дејвис.
Очекувам врвен ракомет, очекувам многу голови но и многу голмански интервенции..очекувам експлозија… посакувам многу екс вардарци на тронот.
Да уживаме !