За страстите да бидат задоволени, а според старата додека на некој не му се стемни… МАКЕДОНИЈА е повторно на светско ! Континуитетот кој административно ни беше ускратен, независно од тежината на бараж противникот (Франција), коронарно ни е вратен. Ова првенство по многу нешта ќе биде поинакво, а за нас можеби и клучно за иднината на Македонскиот ракомет.
Да тргнеме од почеток. Како никогаш досега немавме време за анализи и предвидувања колку далеку можеме да стигнеме, интервјуа со играчи и тренери со аналитичари и познавачи, кои ги потенцираа предностите и недостатоците, очекувања за толку посакувано полуфинале медал… Очекувањата многу често ни ги надминуваа можностите, а тимот беше секогаш изложен на огромен притисок. РФМ и селекторот делуваа најоптимистички но и најпрофесионално откако беше јасно дека ќе бидеме прва замена и откако беше јасно дека короната е непредвидлива максимално а светот неуспеа да се справи со неа, па организираа подготовки, тест натпревари беа будни и денеска ќе патуваме за Каиро со насмевка на лицата.
Што можеме да очекуваме од Македонија?
Се што ќе се случува во Египет е чист бенефит за Македонскиот ракомет без двоумење. Секој натпревар секој бод секоја победа секоја минута на теренот секое интонирање на Македонската химна е победа на спортот победа на македонскиот ракомет ! Затоа нема потреба да очекуваме ништо специјално, треба да уживаме и да навиваме.
За тимот
Брестовац храбро што досега никој еминентен светски тренер седнат на македонската ракометна клупа не се осмели да го направи, ја испрати можеби најмладата селекција на македонски ракометари на едно првенство, иземјаќи ги капитенот, Столе и Митревски сето останато е иднината на нашиот ракомет. Тука Браво
Да тргнеме од голот, Митревски во врвот на својата кариера, без сенката под која бранеше со години може да биде едно од најпријатните голмански освежувања, па можеби и на цело првенство, Томовски несомнено голем талент, побогат за еден куп сериозни натпревари во сериозна лига, ќе биде одлична подршка, под претпоставка дека Македонија растретена од сите цели ќе прикаже одлична одбрана. Лево крило, најголемиот недостаток отсуството на Манасков. Но неговото отсуство го гледавме и на последните натпревари на кои настапуваше. Отсуството на Маџовски ке скрати на опции бидејќи тој беше интересен и како одбрамбен играч но неговата дискутабилна реализација можеби ќе ја надоместат сега веќе искусниот Димитриоски кој непланирано добива улога на прва опција и кој ќе треба да ја оправда улогата на чирак на еден од најдобрите на светот на таа позиција Дибиров. Како проектил на позицијата се појавува еден од плеадата големи таленти малиот Кузмановски. Кој го гледал како трча и како шутира ќе разбере… Лев Бек, Тука е јасно, Талески ќе го изнесе најголемиот товар, очекувам одличен настап од него. За другите, Мишевски, Георгиевски и Младеновиќ, шанса да почуствуваат врвен ракомет, притисок, пораз победа… се ќе биде придобивка. Центар, Кузмановски веќе на неколку натпревари потврди дека не се плаши да не води, да шутира, да ризикува, Танковски е небрусениот дијамант, Крстевски преспор но, со интересен преглед па и шут, а и со искуство какво такво, очекувам да го видиме со одредена минутажа. Пикер, тука сме најјаки, Столе, Жарко и Никола се прекалени борци играат во одлични тимови, ќе треба да има многу голови и изнудени пенали од 6 те метри. Десен бек, за мене најитересната позиција, Капитенот го придружуваат наследниците кои играат во одлична форма, Велковски можеби и на врвот на својата форма досега и Серафимов кој покажува зошто со години е најавуван како наследникот. Десно крило, Поповски кој насобра интерeсно искуство летајќи на релација Македонија Странство, и екстра талентот Костески.
Како ќе играме во една навидум тешка но можеби интересна група. Со сите различно јас би одговорил. Со Чиле најлесно, видовме дека и без многу фокус и со трета постава ги имаме, значи бодови сигурни и победа изразена со 3-5 голови разлика. Со Шведска тврдо, тие се фаворити, интересно е дека со нив ако не грешам сме играле само двапати, 2012 легендарното реми во Ниш и истата таа година несреќниот пораз во квалификациите за олимпијада. Коефициентите се на нивна страна, но големиот број на отсуства на скоро сите позиции оставаат простор Брестовац да се обиде да ги нападне и тоа благо речено неспремни уште во првиот дуел. Во една ситуација во која Капитенот би можел да заигра на среден, со поголема ротација на лев и десен…хаха не се знае…ако ги успориме ќе бидат нервозни, ако одбраната и Никола бидат на ниво, очекувам бодови. Со Египет најтешко, домаќини се, Парондо добро не познава, имаат одлични бекови, досега немаме победа против нив, добро се подготвени…
Од нигде никаде Македонија добива можност за долготраен престој на Медитеранот !
Со срце и душа за МАКЕДОНИЈА
Ракометен аматер Виктор Христоски 13.01.2021
Со мислите веќе во Египет