Јануари е месец во кој спротивно на сите политички тенденции за минимизирање и омаловажуање, Македонците ја демонстрираат својата вековна страст и љубов кон татковината.
На петоколонашите и непријателите навистина им е непријатно, па со сите сили и средства од година во година се обидуваат да го избанализираат и минимизираат настанот. Но, попусто !
МАКЕДОНИЈА е дел од европското првенство.
Така и ќе биде, така и ќе остане. Иако и таму имаме доста непријатели, иако неможам сеуште да разберам зошто, а можеби и знам ама несакам да кажам. Па погледнете ги хајките против Металург, Вардар, Начевски …
Македонија во моментов има рејтинг кој не го посакува. Но реалноста е таква и во моментов ова се показателите според мене кои би ги сметал за посакувани.
Прво и основно сите натпревари да можам да ги наречам Битки !
Второ, очекувам да видам крв, пот се подразбира, а доколку видам и солза ќе речам, на прав пат сме !
Трето, сакам Мечка да биде двоцифрен, Никуч, Томо и Кизо над 33%, Батакот да лета на сите страни, Близнак да не се повреди, сакам Тале и Фитиљ да не размислуваат кој е млад и кој треба да преземе одговорност, сакам од БУМ-БУМ Марко Митев сите да стрепат, Томи да гази, сакам Кралот да се насмевне, сакам Фалангата да остане без глас …
Вака некако би требало емотивната листа на желби да гласи, а во онаа статистичката би додал,
Прво и основно да се сведат изгубените топки под 7, Ве молам ! Реализацијата да биде над 75%, одбраните над 33%, ако губиме, а ќе губиме, сите губат, да биде машки, на штитот, а ако ни се укаже шанса да ја тепаме Швајцарија, поради повеќе причини, па нека биде 33-30 за нас.
Во одлично расположение по прележаниот н-ти бран на корона, со насмевка го очекувам почетокот на европското.
Македонијо ти си се што имаме !
Македонски ракометари Вие сте нашите најдобри и вистински амбасадори !