Охридска ракометна Пролет!

Фото ГРК ОХРИД

Иако за себе одбраа посилен и поавтентичен наратив, на кој се чини се прилично достојни, мене многу ми се допадна и овој романтичниов.

Охридската тврдина буквално неосвоива.

Од почетокот на сезоната, Охрид на свој терен има само еден пораз и тоа од, се поочигледно новиот шампион на Македонија, таму некаде во ноември. Охрид прикажа и покажа игра достојна за врвни дострели. И ако на почетокот од годината многумина ќе речеа, рано е, време треба да се уигра екипа, по се изгледа дека во Самоиловата престолнина времето поинаку се мери.

Охрид вистинско задоволство ни подготвија со елиминацијата на јужниве, но моментот кога еден од најталентираните млади играчи, во дресот на Цељаните, ја лансира над пречката лепливата топка, бесценет!

Фото ГРК ОХРИД

Натпревар достоен за полуфинале на Европски куп. Градот и клубот подготвени, иако се чувствуваше големиот притисок, пред се од можноста што се укажа, се обидоа и за во оваа фаза, направија одличен настан. Картите распродадени, трибините исполнети, дресови на сите страни и Лихнида испеана во еден глас… нова туристичка атракција што секој барем еднаш во животот мора да ја посети!

Натпреварот пак од друга страна исклучително израмнет, не сум сигурен но поголема разлика од 2 гола немаше, добри голмани, нашиот исклучителен. Борба за секоја топка и уште поголема за секој гол.

Охрид се етаблира како сериозен играч на македонското ракометно небо, верувам во проектот и посакувам да не биде моден блесок. Со време градот и сите битни фактори да се сложат за вредноста на ваков еден проект од повеќе аспекти и да потпишат платформа на долги патеки. Колку вредат насмевките на Охриѓани и колку млади веќе утре ќе сакаат да го облечат дресот, тешко ќе може со една равенка да се пресмета, но придобивките се несомнени на долги патеки.

Ајде Охриде до нова европска титула за македонскиот ракомет!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...