Фото РК Вардар
Уф колку сакам да зборувам за нашето минато.
Како мал не можев да ја разберам потребата на администрацијата да именува улици, булевари, згради со име на македонски херои, јунаци и значајни личности. Со текот на времето ми стана јасно дека само така ќе ги зачуваме од заборавот.
Во вторникот, во Јане, сега веќе, иако прилично нова, КУЛТНА, во реваншот против францускиот гигант Монпелије, се разбудија духовите на славното минато на нашиот Вардар, Двократниот европски шампион!
Во Јане имаше енергија, која се чувствува, непокор кој ни тече во вените, бунт и пркос, желба за победа, за одмазда…
Пролистувам, барам пасус да ги поврзам минатото и сегашноста, Јане и Вардар, четниците и комитите…
Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија. Тој го спречуваше славофонското население на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест. Сандански заедно со Делчев, протагонисти и двајцата за време на Илинденското востание, стана опасен за Бугарија и бугарските шовинисти решија да го ликвидираат, бидејќи неговата агитација не одеше во прилог на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, зашто тој култивираше кај Словеномакедонците македонска национална свест. И неговото убиство, всушност, беше извршено од самите Бугари.
ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ
Да не се заборави и духот на Шампионите. На Вардар му требаа 5-6 години, но чинам дека преброди.
Безмалку педесетина минути вардарци сонуваа, се надеваа и во еден момент беа навистина блиску, на семафорот +7 и напад за 8, доколку го реализираа кој знае што се ќе се случеше…
Можам само да си замислам што провејуваше низ главите на монпељаните… Овие тепаат ама и играат
Деновиве по се изгледа сценографијата на македонските кулиси повторно ќе се промени, зелената ера заврши, црвено црното повторно ќе биде во мода.
Македонската сцена се чини е подготвена за таа промена, по неверојатниот натпревар со французите се подгреваат надежите и за промена на европската сцена.
Ќе може ли Вардар да ја обои Европа повторно во црено црна комбинација?
