Фото Марко Ставридис
На вториот кафе, ракометен муабет, на гости во Books and dogs cafe ни дојде човекот кој сиот свој живот го посвети на нашиот спорт, Љупчо Савевски, популарниот Цевак.
За инцидентот во Грција, статусот на тренерите, искуство од Алкалоид, создавање млади играчи и нивната шанса во нашите клубови.
Ова не е обид да ги затвориме сите теми со конечни одговори. Напротив – сакаме да ги отвориме, да ги разгледаме од различни агли, да се согласуваме, да не се согласуваме и да разговараме за ракометот што го гледаме, но и за ракометот што сакаме да го гледаме.
