Алушевски 2 Бабиќ 2

Наизглед израмнето, всушност овие два на Алушевски вредни титула и куп, а оние 2 на Бабиќ безвредни. Низ призмата на двајцата стратези го одјавуваме последниот нивни дуел за оваа сезона.

За Алушевски кој се нафати да седне на клупата на европскиот финансиски раздрман шампион, пофалби за храброста. Многумина не би прифатиле. Тој на хартија ги оствари зацртаните цели на раководството. Тие беа 4 на број. Освојување на купот, освојување на првенството, иако тоа сеуште не е готово, пласманот во осминафиналето на Лигата на Шампиони и извесниот пласман на СЕХА Ф4, останува двомеч во Скопје со Металопластика. Од друга страна, успеа да го навлече гневот на навивачите на Вардар, да не создаде хомогена тимска атмосфера и на крајот на краиштата ниту препознатлива игра со своја мирудија на Вардар. На крајот кога објавија дека си оди како на сите да им олесна. На Алушевски изгледа најмногу.

Од друга страна, со фанфари најавуваниот светски реномиран стратег, Бабиќ сигурно останува во Битола. Вети не си оди дур не земе титула. Како чаршијата битолска, високо ракометно профилирана, ќе направи пресек на неговата работа ќе разбереме бргу. Чинам нема да биде со сите петки. Дали воопшто ќе има понекоја? Тој имаше интересни дуели но ниту една сензација, во лигата на европа повеќе разочара или во првенството и купот на Македонија? Можеби предвреме ја разпламти ракометна Битола со можна сензација?

Инаку натпреварот мина горе долу лошо и за едните и за другите. Многу изгубени топки, многу грешки. Вардар дозираше, Пелистер како да не стисна докрај. Хендави и во второто полувреме Радовиќ даваа надеж од една страна, а Чупиќ и Дибиров ја рушееа. Вардар на искуство, на самодоверба, со неколку прекрасни потези во клучни моменти. Пелистер неможе да жали зошто со миљи беше предалеку. Најблиску стигнаа во второто полувреме после една луда серија од 7-0, на +5 но толку беше.

За крај го поздравувам Радовиќ Мирко кој ја испеа својата лебедова песна. Но така е во спортот !

А Ракометот е еден од најубавите, во Македонија и најквалитетните, а можеби и најсаканите, ќе видиме наесен кога ќе почне продажбата на билетите дали сме во право.

20.05.2021 Во салата на легендата Боро во Битола

Суперлига Македонија Разигрување

Пелистер 29 Вардар 25

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...