Првата асоцијација на моќната изведба во арената Јане Сандански, беше онаа најавата на Шварценегер во епскиот Терминатор.
I’ll be back
Да Варадра се врати, Вардар е жив, полетен енергичен полн со самодоверба. Пред неполни два дена, на пресот воочи овој дуел, Вујовиќ беше исклучително внимателен. Токму вечерва по победата кажа дека безмалку и е изненаден од моќната, со многу голови претстава. Планот беше да се игра полека и внимателно. Но Вардар на крилата на денеска безмалку цел тим, но и на малубројната, согласно пропозициите на тн институции, но верна и жестока публика, дојде прилично лесно до убедлива победа.
Вардар отвори као што најави жестоко во одбраната. На среден во одбрана, по нас, денеска фантастичниот Бакари Диало. Го лимитира и исфрустрира до точка на вриење, громогласно поздравен од публиката, Сташ Скубе, некогашната прва виолина на црвеноцрните. А кога Скубе, кој тешко наоѓаше решение, ќе успееше да асистира тука беше фантастичниот, ТОМОВСКИ. Тој блескаше на голот, а публиката впрочем незнаеше како да се израдува, ем најдобар, ем клучен ем наш. Со 10 интервенции и 30% ефикасност беше последниот браник на фронтот. Рака на срце денеска имаше многу причини за радост.
Талески и Моралеш отвориа самоуверено. Тото, за кој прогнозираме дека ќе биде вардаровата следна голема звезда, беше одличен во двата правци. Гаџа со мала бизарна повреде, го водеше нападот безмалку без грешка. А таму се појавија Њокасите, допрва Металург ќе зажали по нив. Кевин експлодира и испорача фантастични 8 од 8.

Шпанецот на клупата на Мешков делуваше беспомошно, а играчите кои на теренот излегоа со саркастични насмевки беа во шок. Тие беа дојдени да победат.
Во еден период разликата од 7 падна на 3, па следеше период на неизвесност. Гостите имаа неколку напади за -2, но помалку исцрпени грешеа. А кога новата кувајтска ѕвезда, “Принц Али”, забележа 2 интервенци и успеа да постигне гол од својата позиција, дилириумот почна. Тој беше 11 от стрелец од ростерот на Вардар, нешто што одамна немавме видено.
Вардар до крајот ја постигна и највисоката предност од +8, а на радоста и немаше крај. Видно емотивен натпревар за сите и силен ветар во грб за целиот тим, но и за Вујовиќ за кого допрва следат вистинските предизвици.
22.09.2021 Скопје Македонија
ЕХФ ЛШ второ коло
Вардар 35 Мешков 27