Еден наш истакнат ракометен соборец, аналитичар и теоретичар на заговор рече: Статистиката е како бикини, многу покажува но, не ги открива главните моменти !
Па земајќи ги в предвид големите мисли, бројките и општиот впечаток, како некој второкласен забавувач кој 75% од од концертите ја тера публиката да пее, оставам на читателите да извлечат заклучок.
Јас, со исклучителна фацијална експресија ги испратив следниве 3 статистички категории!
Првата категорија општа. Регистрирани ракометари, Данска 105.600, Холандија 49.500, за Македонија не успеав лесно да најдам податок, но со консултација на моите почитувани гости, дојдовме до една оптимистичка бројка од 2.000-2.500 ракометари.
Следниве две категории, врз база на ЕХФ статистиката од перформансот на македонската ракометна репрезентација на европското првенство во своите 3 настапи. Компарирани со 8 конкурентни и компетитивни тимови.
Реализација на шут. Франција 75%, Данска 73%, Германија 71%, Холандија 70%, Португалија 68%, Исланд 68 %, Унгарија 64%, Шпанија 60%, МАКЕДОНИЈА 59%.
Изгубени топки по натпревар. Франција 5,5, Данска 5, Германија 5,5, Холандија 11, Португалија 10, Исланд 8,5, Унгарија 7, Шпанија 5,5, МАКЕДОНИЈА 15.
Пред селекторот, стручниот штаб, но и пред секој избран ракометар, претстои долга и тешка задача. Посакувам добро здравје кај сите, прст на глава и многу, многу пот.
Македонија има потенцијал несомнено, подршката не изостанува. Со Вас сме!
Напред МАКЕДОНИЈА
PS Доколку временските услови дозволат ветувам комплетна анализа на статистичките категории од прелиминарната фаза, вклучувајќи ги сите 24 репрезентации.
Ве поканувам да ги погледнете и коментарите на нашите гости во нашиот подкаст на НАША ТВ и на YouTube https://www.youtube.com/channel/UC_IjY0QHkDyRy9P4sLTcyMA .
Фото РФМ.