Одбираме натпревари по наш вкус во неделава која предстои. Насловот предложен од Фичорски ЈАМБ ВО НАЈАВА
01.03.2022 18.45 ч Татабања Еурофарм Пелистер ЕХФ Европска Лига
Битолчани со можност за висок пласман во групата. Татабања е отпишана но сигурно е дека со новиот тренер ќе сакаат да покажат дека вредат повеќе. Битолчани повторно не се комплетни па Агрономот ќе мора да бара решенија. Бодовите и победата ќе го задржат Пелистер во борба за висок пласман во групата.
02.03.2022 18.45 ч Мешков Вардар ЕХФ Лига на Шампиони
Уште еден доказ дека човештвото не напреднало ниту милиметар во својот емотивен развој од праисторијата се секојдневните случувања на планетата. криминал, корупција, понижување и ВОЈНИ. Натпреварот е одложен од безбедносни причини.
03.03.2022 18.00 ч Словенија Македонија ЕХФ Евро Куп
Нашите девојки како домаќини не играат квалификации. Термините пополнети со пријателски натпревари. Гостуваме кај респектабилна селекција, можност да се види дали Савевски по размрдувањето на младинските ќе успее да ја реактивира и сениорската репрезентација.
06.03.2022 18.30 ч Македонија Словенија ЕХФ Евро Куп
Реванш натпревар во Скопје.
Викендот треба да започне и плејоф разигрувањето во машката Супер Лига.