Умира ли ракометот во Македонија?

Фото Турнир во мини ракомет на школата Ракомет за секое дете

Или, дали некој несвесно или потрагичното сценарио би било, свесно, ги даси една по една ламбите?

Испровоциран од низа несреќни настани, ги запишувам следниве реченици со огромно количество на горчина, лутина и гнев.

РАКОМЕТОТ СПОРТ БРОЈ 1, АПСОЛУТНА ФЛОСКУЛА!

Намерно или не, поставувам прашање, а наведувам низа на примери, подредени без некаков критериум, просто онака како ги среќавам катаден.

Одамна на агрегаторот на вести, еден од поголемите во Македонија, на главната страна го нема ракометот, има фудбал и кошарка…

Често набројуваме кои се сали, Ракометот под неразјаснети околности ги изгуби. Почнувам со култната Кале, преку Јане, салите во Маџари, Центар … сите молкум стануваат или кошаркарски или профитерски гнезда.

По периодот на изградба на салите од една бивша влада, нема никаква инвестициска активност, За волја на вистината во добар дел од изградените сали одржување не постои па и тие се во очајна состојба. Настрана фактот дека во урбаните делови од Скопје, сали воопшто за ракомет нема!

Игнорантскиот однос на училиштата и очигледно подмитените професори е јавна тајна. Обидите на РФМ со караваните за промоција на ракометот се светла точка, која тивко тлее и не наоѓа плодна почва оти и да има деца, прво, нема каде да тренираат, види погоре, и второ нема кој да ги тренира.

Гасењето на светлата продолжува и преку таканаречениот јавен сервис во ликот и делото на Македонската радио телевизија, која прво немаше коли за преноси, па снема коментатори, за на крајот да ја снема и неа. Не, немојте погрешно да ме разберете, таа постои, но во една атрофирана форма за која ниту има лек ниту има доктор. Тажно !

Се навраќам и на таканаречената државна помош за малите клубови, која патем секој година е под знак прашалник бидејќи имало тема да се спонзорира само врвен спорт, па давам пример, мал клуб со три селекции со бруто 75 деца има помош од 800 илјади денари или ти прецизно 889 денари месечно одвоени за секое едно момче и девојче. Сериозна инвестиција !!!

Јагодката на шлагот ја нуди една нова странска инсталација, која под превезот македонски, полека несе со фантастично брзо темпо кукавички јајца, хибридни, па брзо се испилуваат и буткаат од гнездото се македонско на сметка на Чукарички, Лесковац, Ѕвезда, Брауншвајг 2 ра германска лига и Србија фудбал У4, 73 репризи на фудбалски натпревари и немам веќе срце да набројувам.

Овој текст можам да го наречам и отворено писмо до премиерот, владата на Македонија, министерот за култура, министерот за спорт, директорот на МТВ, директорот на АЕК и претседателот на РФМ и нема да погрешам.

Дали Македонија ни е на прво место? Дали здравјето на младите ни е важно? Дали размислуваме за нашата идина? Дали разбираме каква улога игра македонскиот ракомет во промоцијата на Македонија. Дали сме свесни дека ја сечеме гранката и тоа со моторна пила?

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...