Има ли овој шпанец волшебно стапче?

Фото РК Вардар

Во обидот да се подготвиме за вечерашниов натпревар ми се наметна една шпанска теза. Имено, Раул во времето на водењето на македонската репрезентација постојано велеше дека не е волшебник и дека нема волшебно стапче за да ја поведе Македонија кон ракометните величини.

За Монпеље пишувавме во пресрет на првиот скопски дуел. Овојпат многу повнимателно, базирано на резултатите на французите и на бројната и кадровска состојба, но и долгорочната политика во Јане.

Французите се први во нашата група. Имаат само еден пораз на почетокот од Олборг и две помалку чудни реми натпревари. Првиот во воведниот дуел дома со Пик и последниот со Мешков нагости. Даваат во просек 31,3 голови а примаат 28,4 по натпревар.

Во Вардар нема среден, можеби шанса ќе добие Карапалевски. Нема да биде изненадување ако се појави и некој позитивен. Долгорочната исто така сеуште не ја насетуваме. Многумина си одат, Дејвис е со 6 месечен договор.

Едноставно очекувањата ниско поставени. Можност сепак да видиме дали овој шпанец можеби одел во Хогвортс на часови.

16.02.2022 18.45 Во Монпеље гостува Вардар во 11 коло од ЕХФ ЛШ

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...