ВАРДАР НАГОСТИ КАЈ ПОРТО во 6 тиот натпревар од ЕХФ ЛШ

Фото Денис Дуковски

Одличен натпревар за да видиме каде е сега Вардар !

ТИМ

Порто е екипа која бележи се позначајна улога во ЛШ. Oснована далечната 1932, со нaвидум богата историја што се однесува до настапите во европските купови и лиги. Најголем успех постигнуваат во ЕХФ Купот во сезоната 2018-2019, кога го осовојуваат 3 то место. Оваа сезона во ЛШ изиграа 8 натпревари, 5 дома и 3 нагости, извојуваа 2 победи 2 нерешени и 4 порази, сите тесни и во неизвесни натпревари, во моментов е на петото место на табелата.

ИГРА

Играат исклучително брзо, динамично, модерен ракомет, знаат да бидат и трпеливи но и да играат 7 на 6. Во екипата има дузина португалски репрезентативци и многу малку странци од кои интересно најголем придонес има нашиот Митревски на голот и секако кубанецот Итуриза. Играат на гол повеќе, па во просек шутираат безмалку 50 пати по натпревар (47,3) и постигнуваат 28,6 голови дома и 28,1 гол на гости, или просечно даваат 28,35 а примаат 28,8 голови. Во преден план е нападот низ средината, но бековите шутираат од безмалку сите позиции, и често додават на пикер, реализацијата на шутот им е 61,4% што и не е така малку ! И покрај брзата игра и честите додавања на линијата 6 метри изнудуваат само 2,1 пенали по натпревар и ги реализираат со 69% успешност. Во одбрана играат главно 6-0. Играат прилично агресивно и цврсто, добиваат во просек по 4 исклучувања по натпревар иако просекот може да не залаже бидејќи најголем број на исклучувања од вкупно 33, дури 21 заработија во месец септември 2020 во првите три натпревари. Очигледно тоа не му се допаднало на шведскиот стратег па драматично го променил односот на игра во одбраната. Значајно е влијанието на играта па и на однесувањето на португалците од шведскиот сратег Магнус Андерсон, но евидентно е дека врелата медитеранска крв си го чини своето, па кај нив е приметна една повисока доза на ароганција и можеби малку претерана самодоверба.

ИГРАЧИ

Клучни играчи во тимот се Суарез, Андре Гомеш, Родригеш, пикерот Итуриза и секако одличните голмани Кинтана и Митревски. Во одбрана одлични на 3 и 4 но понекогаш и спори но секако физички доминанти, Итуриза и Салина. На голот ги имаат одличните Кинтана и Митревски но статистиката вели дека не се константни па така бележат натпревари со 16 или 14 интервенции но има денови кога заедно застануваат на 4, 8 или 10.

ТРАДИЦИЈА

Овие два клуба досега имаат одиграно само 3 натпревари и се прилично изедначени, по една победа и еден нерешен резултат.

ТЕРЕН

Натпреварот се игра во Порто во Dragao Arena, тоа е мала арена, ќе се игра без публика, па оттука нема да има некаков притисок.

СУДИИ

Судиска двојка од Шведска со балкански шмек, се надевам нема да има потреба да ја коментираме по натпреварот… очекуваме фер и коректно судење.

МОТИВ

Порто ке сака да го искористи моментот на добра игра на своите играчи и да победи за да се обезбеди високо на табелата. Вардар засега е енигма на поле на мотивација, дали соблекувалната уште не фунционира или е нешто друго во прашање, пари овојпат сигурно не се !

Интересно е дека обложувалниците не му даваат воопшто шанса на Вардар, па така коефициентот за победа е вртоглави 5,50. Доколку новиот спонзор влијае позитивно на атмосферата еве шанса за обложувачите малку да ризикуваат.

ШТО ТРЕБА ВАРДАР ДА НАПРАВИ

1. Да ги лимитира брзите бекови во движење,

2. Да ја затвори средината во одбраната и додавањата до пикер

3. Да не дозволи на голманите да влезат во ритам рано.

ЦЕЛ ЖИВОТ ЕДНА ЉУБОВ !

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...