Пелистер моќно !

Фото РК Металург

Пелистерци добро подготвени. Бабиќ овојпат ја напишал домашната, а Металург дефинитивно си ја расипа петката.

Повеќе од очекувано но сепак прелесно и со преголема разлика Пелистер ја освои Автокоманда. Металург заигра во одбраната интересна длабока зона. И иако со нетрпение јас и Александар (мојот ракометен соборец) ја очекуваме 3-2-1 одбраната никако да ја видиме. Се беше решено во првото полувреме, второто само рутина.

Извонредниот Хендави направи разлика од една страна, а кај домаќините високопрофесионалниот Злаја не беше доволен.

Да посветиме внимание на дузината македонски ракометари, репрезентативци од првиот барабан но и од вториот и така натаму.

Прво светлите точки. Костески на десно крило, ако продолжи во овој ритам и ако биде мудар и скромен, може да очекуваме страшна ударна сила од таа позиција. Кукуловски на лев, пред се со одбранбените активности но и со одличниот преглед во напад остава простор за размислување. Малиот во наводници Марковски, кој често го критикувавме, особено за одбрамбените маневарски способности, полека заличува на оној стариот. Велковски иако со лимитирана минутажа остава пристоен впечаток. Од друга страна, пивотите Лазаревски и малиот Митиќ, делуваат како најстабилни карики.

Ајде сега за оние потемните. Најголемо разочарување несомнено Серафимов, тивок, повлечен, таков каков што никој во македонската ракометна јавност не го сака. Шилегов кој со својата ноншалантност е се подалеку од неговите славни денови во младинската кога за него и знамиња се вееја со слоганот Гордост Бутелска. Танковски кој некако ми беше една голема надеж за средната бековска испразнета репрезентативна позиција, преспор, преисплашен и со тотално изгубена самодоверба. Во моментов почнува да му конкурира на Талески. Маџовски кој од замене неразјаснети причини има катастрофална реализација.

Кога сум во темницата ќе ги апострофирам и изгледа веќе продадениот Додиќ, кој не би смеело вака да му заблагодарува на клубот кој го изнесе на светлината на денот и младиот апсолутно недисциплиниран Калуѓеровиќ.

Во маглата на сите овие имавме прилика да видиме и два прекрасни голови од десна бековска од малиот џин Тео Тодевски, кој за да не го избаксузирам само ќе го искритикувам за маневарските способности во одбрана. И го потсетувам дека повеќето реномирани тренери ќе бараат од него минутажата во напад да ја заработи со играње одбрана.

10.04.2021 Скопје Македонија

Супер Лига разигрување

Металург 22 Пелистер Еурофарм 32

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...