Што може еден љубител на ракометот да забележи во две полуфиналиња на светско првенство !
Дека ракометот е комплексна игра и дека центарот на тој универзум не се бековите – играта преку крила на пример Шведска !
Дека одбраната го добива натпреварот не е флоскула – исклучително подвижна зона и 6-0 безмалку без грешка Шведска !
Дека не постојат млади и стари туку само добри и лоши.
Дека секоја топка вреди покажа Џим Готфридсон кога пресече контра !
Добар голман злато вреди ни потврди Паличка !
Фаворит на хартија не добива натпревар на терен !
Добра подготовка и анализа на противникот е клуч за победа !
Дисциплина Дисциплина Дисциплина
Дека со нетрпение чекав тајмаут затоа што после секој следеше шаховски потег на некој од тренерите. Дека 7 на 6 е опција и возбуда покажа Јакобсен, притисокот кој го создаде во првите 10 минути фуријата не успеа да го возврати.
Ех тој север ! Скандинавците се повторно на врвот.
Влезени сме во новата ера на ракометот, брза игра, брз центар, исклучително подвижна зона, крила убоити, бекови брзи и фуриозни, пикери кои трчаат први во транзиција !
Празник на ракометот !