Фаворити на хартија фаворити на терен

За Финска сме Данска

Во минатото неретко имавме натпревари за кои следеше коментар, добиените натпревари најтешко се добиваат. Овојпат и рековме не на традицијата. И очитавме лекција по ракомет на Финска, сепак испаднавме фини па во второто полувреме игравме со втора постава. Покажавме дека балканската школа за ракомет е прејака за бледата верзија на скандинавската. Игравме мирно, трпеливо, на моменти досадно, но паметиме дека најдоброто од балканот честопати така изгледало. Во одбраната плитко 6-0, подвижно, Брестовац доста ротираше па делувавме и свежо а имавме и расположени голмани.

Да тргнеме по ред. Првите минути 15 тина малку нервозно и нестрпливо, се чувствуваше недостиг на натпревари, па по серија промашени удари резултатот на семафорот 5:5, но работите почнаа да доаѓаат на место. Одигравме, за финците фрустрирачки често преку средината преку 40 тина напади (на цел натпревар) завршија со пробивање шут или акција на пикер или благо одлево или оддесно. За крилата имавме едвај десетина акции. Со малку измени работите си дојдоа на место во 21 та минута беше 10:5. Заслуга секако и за одбраната плитка 6-0, но подвижна со понекое искокнување, не груба, и ретко оставаше простор за финците. За жал и Кузмановски и Талески а најчесто браќата Марковски, во некои стартови остануваа недоискажани. Докрај на првото полувреме мирно како на тренинг, одличен тајмаут на Брестовац за последниот напад, вроди со смиреност и гол 16:10 на полувреме.

Второто полувреме подобро од првото и статистички. Финците и тоа малку надеж што ја имаа донесено ја оставија на клупата па се изгледаше полесно. Брестовац ротираше и во нападот па видовме навистина безмалку се со што Македонија располагаше. Останува да ги видиме на следните натпревари големата надеж на центар Танковски, на крило Димитровски како и веќе не така младиот Велковски кој со Серафимов треба да бидат главни на десно кога Кире ќе се повлече. Од минута во минута ја зголемувавме предноста, накратко во 19 та минута проба Брестовац и 5-1 одбрана но се повлече, следеа голови од сите страни интервенции на Томовски и во еден момент бевме на плус 10. На крај тотално заслужена победа 33:24.Одбраните на Митревски 32% на почетокот и на Томовски 50% на крајот, за кого треба посебна статија да се напише со каква енергија настапува се првиот Х фактор, вториот беа нашите пикери Столе и Жарко постигнаа 5 голови и изнудија најмалку уште толку пенали и исклучувања. Новина секако е и бројот на земени шутеви од Кузмановски 14, нешто што досега било привилигеија само за капитенот … Дали се наметнува или добива улога на лидер допрва ќе видиме, доколку биде по мудар, а снага и храброст има, Македонија може да добие еден вонсериски играч каков досега сме немале. Маџовски е освежување во тимот иако кој ја прати неговата кариера ќе потврди дека станува збор за врвен одбрамбен играч, за борец и овојпат и одличен стрелец 4 од 4. Браво Бојан. Георгиевски е второто големо освежување но во наводници, тој во тимот дојде преку играње во Луксембург и втора лига во Франција а тоа сепак е далеку под нашето ниво, еве можност да се покаже па преку репрезентацијата да дојде до добар трансфер и да прерасне во сериозен репрезентативец.

Негативно…ајде вака И покрај апсолутната доминација кај одредени играчи недостасуваше борбеност…на пример Манасков, Никола Марковски… Велко Марковски… Фитиљот (Кузмановски) имаше 8 промашувања, Талески повторно под 50%.. на ваков натпревар можевме да креираме трет и четврт пеналџија… Левиот фински бек имаше фантастични 18 шутеви и безмалку сите чисти, или беше тактика една ластовичка не прави пролет па беше оставен, или нешто друго…

ЕУРО 2022 мисијата успешно започната, вистинското допрва следи…

04.11.2020 Европско Првенство 2022 Квалификации Македонија 33 Финска 24


Facebook


Twitter

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...