Во коментарите на експертите или добрите познавачи на ракометот, често среќаваме фраза: Подготовка на натпреварот. За мене гуруто, Червар, велеше натпреварот од недела мора да го добиеш во среда најдоцна. Значи, никогаш непрежалениот, но и баеѓи кабает со бекството, Гонзалес во првото полувреме конечно покажа зошто е можеби еден од најдобрите ракометни тренери на денешницата.
Тој натпреварот одлично го подготвил, па започна со една длабока и агресивна одбрана, со многу украдени топки во манирот на Дибиров и Шишкарев. И на помалку десеткуваниот шампион му создаде навистина многу задачи за решавање. Една од задачите беше и лалето Стаинс или бејби Скубе, кој создаваше разлика во нападот.
Да не беше расшутираниот норвешки громовник, инаку дамнешна моја желба за десната позиција во еден македонски европски шампион, кој постигна повеќе од половината голови за Кил, разликата на полувремето ќе беше драматична.
Кил во второто полувреме тактички одговори со иста длабока одбрана. Забележувам дека повредата на крвникот Винчек создаде празнина во одбраната. Но неретко кога тимовите губат важен играч во текот на натпреварот, добиваат на мотивација, волја и одлучност. Така и беше.
Јиха пак во нападот често уфрлаше втор играч на линија па тоа доста ја наруши одбрамбената поставеност на парижаните.
Со помош на магијата испорачана од Дувњак, неколку луцидни моменти на Зарабец, врвната партија на Рајкинд и подобрата ролја на Ландин, Кил го сврте натпреварот.
Му забележувам на Раул, а можеби тоа е и кармата, што премногу се потпре на лалето. Па така во еден момент истото асистираше до крило кога таму немаше ништо освен празнина. Во втор план Хансен и Криштопанс како да не се загреаа воопшто. Максимум видовме само од левото крило Наи, но колку и да е импактот значаен сепак натпреварот во напад го решаваат бековите.
Иако првото полувреме го помина во голема нервоза, сепак еден од најмладите стратези со освоена титула европски шампион, Филип Јиха до крајот покажа дек тоа не било случајност.
Веќе е најавен како меч на колото, реваншот со нетрпение ќе го очекуваме.
12.05.2021 Кил, Дојчланд
ЕХФ ШЛ Четрвртфинале прв натпревар
Кил 31 ПСЖ 29