Koj e крив ?

Џ.Ф. Кенеди, роден на 29 мај 1917 година во Далас, е американски политичар и 35-ти претседател на Соединетите држави. По дипломирањето на Харвард, тој учествувал во Втората светска војна, потоа бил член на Конгресот, а како кандидат на Демократската партија бил избран за претседател на САД во ноември 1960 година.

Кенеди е единствениот католик и првиот ирски Американец кој станал претседател на Соединетите држави. Тој е исто така единствениот претседател на САД што добил Пулицерова награда (во 1957 година). Активен во студената војна со СССР но и посветен во вистинско и целосно спроведување на граѓанската еднаквост за црнците, што беше во овој поглед најреволуционерниот чин од времето на Абрахам Линколн, чин што го чинеше живот. Тој беше убиен во Далас 22 ноември 1963 година.
Неговата смрт предизвика низа контроверзи но и почеток на граѓански немири. Ќе остане запаметен по многу нешта, но најсилно сепак одекнува неговиот говор упатен кон американските граѓани во кој тој им вели:
Мои сограѓани Американци, не прашувајте што може вашата земја да направи за вас, прашајте што можете вие да направите за вашата земја.

После вчерашниот пораз од Русија останав без зборови, побарав помош, повикав пријатели… членовите на мојата добра навивачка група…добив и неколку телефонски повици со најразлични молби и коментари. Сите беа на место 100%.

Но една најмногу ме погоди…ја пренесувам во целост:
И ти Виктор остана без зборови, знам, а јас уште вчера заклучив дека ние, Македонците, како навивачи заслужуваме репрезентација како Шпанија например!

Па низ мислите ми доагаат слики, Вараждин, Ниш, Катар, Задар, Белград, Полска, Данска…еј во коронава се појавивме во Швајцарија… а да не беше пустата, знам колкумина ќе тргнеаа кон пирамидите. Песна, шалови, дресови, комбиња, автобуси, мустаќи, антички војници, тапани, солунски полиња и многу страст, љубов, солзи… Ве пречекавме како богови кога бевте 5 ти…
Ете толку ние можеме !
Се што имаме за репрезентацијата даваме ! Се што можеме за Македонија правиме!
Не заслуживме изговори на тони, криви се клубовите, криви се тренерите, крива е македонската лига, криви се играчите, млади се играчите, не сме подготвени, корона е, несериозен ни е пристапот, ова е сега топ доаѓа уште потешко… сите македонци биле селектори, претерани биле критиките…

И после дожд сонце изгрева…се прашувам има ли јунак овој дожд да го запре ?

Македонија може, Македонија мора

Виктор Христоски

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...