Македонија останува во вториот ешалон !

Од остварување на лошите соништа ништо полошо нема. Така беше попладнево во Јане.

Во очите на девојките се чувствуваше притисокот. Па и пеењето на химната овојпат на потивко. Иако почетокот на натпреварот најави можно изненадување, за жал не беше така.

Македонките почнаа цврсто, Коларовска реализираше, холанѓанките промашуваа и на семафорот имавме 8-2 ! Оттука понатаму никако неможевме да го сочуваме “пејсот”.

Што всушност се случи. Очигледно стручните штабови се судрија со своите подготовки, анализи и адаптации, а во оваа битка нашиот беше полошиот. Тие добро не скенираа. Опасноста доаѓаше преку бековите Јанкуловска и Коларовска, па длабоко ги притиснаа и ги подложија на континуирани прекршоци. Тоа резултираше со губење на течност во нападот и често влегување во пасивна ситуација. Топки за крила и пикери овојпат немаше. Савески се обиде со ротација но за жал денеска ниту имаше многу избор ниту расположени девојки.

Во одбраната упорни со 5-1 која на долги стази се покажа неуспешна. Во нападот во неколку ситуации со играч или два повеќе не реализиравме, а промашивме и премногу пенали. Прашањето е дали на тренинг овие ситуации се работени и како? Кога денеска најдобрата Коларовска беше повторпат исклучена, клупата не ја повлече и ја остави во игра во одбрана. И така стигна казната, трето исклучување и црвен картон. Од тука па натаму на теренот само една екипа.

Во ситуации кога сеуште ја имавме предноста која постепено но сигурно се топеше, имам впечаток дека непотребно се играше брзо. Ниту физички па ниту и техничко-тактички несмеевме да се впуштаме во такво темпо со очевидно добро физички подготвените холанѓанки. Недостигот на квалитетен десен бек, па и десно крило, на таа позиција играше деснорак играч, како и младоста на клупата се покажа и тоа како важна. Делумно од слабата физичка подготвеност на играчите, делумно од слабата поставеност на одбраната, голманите неможеа да придонесат многу. Повторно Јовановска имаше неколку прекрасни интервенции, но севкупно премалку или вкупно 4, гостинките стигнаа до 14. Момент кога треба да забележиме дека Андреева, тренерот на голманите, како и во ситуацијата со сениорската репрезентација, делеше совети од трибините?!

За да се не оди, се погрижи повторно Савевски, кој како и еден куп македонски тренери, од замене нејасни причини, повикува тајмаут кога натпреварот е веќе загубен. Се чини и дека предолго ја остави во игра ровитата Седловска која имаше лоша реализација и неколку изгубени топки.

Во сето зло има секако и многу убави моменти. Да не заборавиме дека оваа екипа е заедно едвај 3 недели, дека имаме неколку одлично потенцијали. Ќе ги набројам Миновска, Џатевска, Коларовска, Јанкуловска, Арсениевска, Јовановска… и дека иднината е пред нив. Да не заборавиме дека во составот има иако повторно нејасно зошто, 6 кадетки и една пионерка, па можеби ако ги покренеме промените во македонскиот женски ракомет, ќе не очекуваат убави и возбудливи години, во спротивно остануваме на периферијата !

14.07.2021 Скопје Македонија

ЕХФ Шампионат W19

Maкедонија 25 Холандија 29

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...