Mечките посилни од Лавовите

Четвртфинален натпревар кој ги оправда нашите очекувања. Не сите сепак. Но видовме убави голови, убави одбрани, транзиција, луцидни решенија, сепак премалку квалитет и тимска игра. Поединците го решаваа натпреварот.

Почна лошо за Мечките. Грешеа во нападот, Паличка бранеше безмалку се, а германците казнуваа во транзиција или контра. На поставена одбрана, 5-1 на русите, безмалку и да немаа одговор. Само, за мене еден од најлуцидните и најквалитетни средни бекови, Енди Шмид создаваше разлика. Мечките на цела мака прилично споро се враќаа, имаа лош избор на шутеви и многу ретко ги бараа пивотите и крилата. Во добар дел од полувремето Паличка беше на безмалку 50% одбрани, а само разбеснетиот Котов ги одржуваше колку толку русите во живот.

На полувреме 15-19.

Одлични два моменти забележавме. Прво, се враќа публиката и второ нашите судии Митревски и Тодоровски безмалку одлични.

Во второто полувреме се сменија работите. Паличка престана да брани, русите ги сменија шутевите, спуштија и на пикер. Швалб се обиде со ротација на бековите, но сега Павличенко бранеше безмалку се. Проблемите во позицискиот напад се зголемија за германците, а можноста за транзиција и контра исчезнаа кога исчезнаа и одбраните на Паличка. Оној споменатиот Котов на крајот заврши со 13 постигнати голови, од кои повеќето со разорни удари од многу тешки позиции.

На крајот многу возбуда, неизвесност, токму она што го посакуваме од секој ракометен натпревар. Со шут во безмалку последната секунда Лавовите намалија на само 1 гол разлика.

За радост во руската шума сепак ќе треба многу посилно издание на реваншот во Германија.

13.04.2021 Чехов, Московски регион Русија

ЕХФ ЕЛ

Чеховски Мечки 33 Рајн Некар Левен 32

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...