Москва е руската престолнина со безмалку 13 милиони жители. Таа е центар на културата, уметноста, религијата, бизнисот и спортот. А во спортот синоним за клубската традиција е Централниот Спортски Клуб на Армијата. Или нагалено ЦСКА.
Е, во женската ракометна секција на култниот ЦСКА, денес целото внимание за Сара Ристовска, македонска репрезентативка и десно крило од висока класа.
Во реванш натпреварот од четвртфиналето на ЕХФ ЛШ ж, во Москва пристигна арогантниот ЧСМ Букурешт, преполн со ѕвезди и 5 голови предност од првиот натпревар.
За нас интересен не само поради Сара, ами и поради претсојниот дуел на Македонија со Романија, како и поради нашата судиска двојка Карбеска, Илијева.
Да почнеме од нив. БРАВО, авторитативно, самоуверено и без простор за било каква забелешка. Така се бранат боите на Македонија.
Сара, Сара прерасна во врвно крило, тоа го видовме и на последните три репрезентативни натпревари. Тоа ни дава надеж дека македонскиот женски ракомет може да го задвижиме во вистински правец. БРАВО Сара!
Малку за натпреварот. Врвна претстава, со многу интензитет, прекрасни потези, одлични голмани, но пред се врвна одбрана. ЦСКА одигра одбрана за ракометните учебници. Менуваше неколку пати но кога цврсто застанаа во 5-1, не се поколебаа до крај. Исклучително мобилна, подвижна, агресивна на моменти и груба, создаваше вишок иако често удвојуваа па дури и три ракометарки се нафрлаа на бековите или пикерот. БРАВО!
Видовме дека Неагу, Пинтеа и другарките не се непобедливи. Нивната ароганција и самоувереност се нивната ахилова пета.
Сакам да напомена уште една карактеристика во играта на русинките. Трпеливост, во првото полувреме во 20 та минута губеа 6-9, имајќи ги предвид 5 те голови од првата средба тоа беше -8 !!! Но нема предавање. Во еден момент во второто полувреме некаде кон 24 та минута имаа примено само 4 голови.
Има посакувам многу добри натпревари на Ф4, се радуваме на присуството на македонски ракометарки (ќе имаме и ракометари сигурно), размислуваме за победа на Македонија против Романија.
11.04.2021 Москва Русија
ЦСКА Москва 24 ЧСМ Букурешт 19