Периметарот околу Јане на половина час пред почетокот на натпреварот потполно празен и тивок. Најавата за лошата вечер и во салата, тивко мирно, за првпат можеби по протокол пополнетост.
Вардар почна за првпат со Стоилов и верните комити почуствуваа шанса за победа. Но после воведниот гол на капитенот следеше пототп. Не со епски размери но со епски последици. Вардар потона !
Кудуз добива подршка и шанса од Вујо и тоа е педагошки. За Њокасите кажа дека е тоа тоа и дека ќе се обиде да ја дисциплинира нивната чудна енергија. Еве да шпекулираме и по нешто, неизвесноста околу договорите на играчите и почетокот на распуштањето и тоа влијаеше сигурно!
Тимур и покрај вирозите повторно на високи вртежи… Талески како да се подготвува за европско, нешто што најмногу ќе го радува селекторот. Но факт е дека Вардар денеска не изигра одбрана ! Јасно беше и јасно било дека Пик ќе нападне сигурно преку Бомбач и Банхиди, но сепак одбраната немаше одговор. Во таква ситуација и вонсерискиот Томовски немаше многу шанси.
Вардар е далеку од подмачкана машина. На пример при исклучен противнички играч, уфрлаат втор пикер но не се знае кој треба да излезе. На Аљушо маста му ја вадевме кога на терен му фалеа играчи, вечерва повторно некое крило бараше со поглед соиграч од клупа кој треба да влезе.
Мрачно е над Јане !
Предвидено од Вујовиќ, но сепак делува помалку застрашувачки. И оние негови пред сезоната планирани 10 бодови сега некако делуваат недостижно.
Еден мој драг пријател рече, Плановите на мојата сопруга се и мои планови, и така ја гради стабилноста ! Дали плановите на навивачите се исти со плановите на клубот.
Времето ќе покаже многу брзо, а црвено црното срце со забрзан ритам ќе отчукува во наредните две-три недели.
25.11.2021 Во Скопје, Македонија
EHF Champions League 2021/2022
Вардар 27 Пик 30