На Металург му треба малку внимание !

Неделниот ден во Скопје резервиран за манифестацијата во подем, Скопски Маратон. Рака на срце, градот остана прилично нем, и сем одличната подршка како и секоја година во Аеродром, остатокот од градот го преспа скопски. Паметам денови кога улиците беа преполни со публика, кафаните со музика и многу гости ги испраќаа маратонците… Но тоа беа други времиња !

Во сенка на маратонот во Скопје пристигнаа ракометарите на Струга. Со потајна надеж дека на ранетиот Металург може да му ги украдат бодовите.

Но не беше така. Дека Металург имал добар план и визија, дека стручниот штаб знаел што работи видовме по примерот на Њокасите. Тие во првите кола доминираа во лигата на шампиони и го лансираа Вардар од кандидат за најдобри 16, во нешто многу посериозно. Дека Металург, можел, имал играчки потенцијал и дека после подолг период конечно и тренерскиот тандем е вистинскиот, видовме на крајот на минатата сезоната.

РК Металург

И покрај неземените плати, и покрај апсолутно скратениот ростер, играат практично со два и пол бекови, без резервен голман, Металург не дозволи да падне на колена. Одиграа феноменално во одбраната, на семафорот беше 26 та минута а Металург прими само 6 голови. Проблемите беа во нападот, каде одлично расположениот струшки голман не дозволуваше Металург да направи посериозна разлика. Би сакал да го видам Металург со решени логистички задачи, играчи кои не размислуваат за 1 ви, и со нетрпение да го чекам дуелот со Вардар што предстои.

Од цела оваа напната ситуација во која во секој момент се очекува уште некој играч да го напушти бродот, вчера позитивата беше малиот Александар Петковски. Момче со огромен потенцијал на деснокрилната позиција. Играч кој полека погледнува кон подотворената врата во македонската сениорска репрезентација.

Во Автокоманда не цветаат розите, па затоа овој мој наклон е за сите останатаи борци, Злаја, Велко, Иве, Злате, Мечка, Митиќ, Дупјачанец…

03.10.2021 Скопје

Супер лига Македонија

Металург 27 Струга 22

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...