Подвигот на “Преостанатите” !

Фото РК Тинекс Пролет

Аууу, натпревар достоен за, еве на пример европско, или полуфинале на фајнал4!

Неколку денови по кулминацијата на ситуацијата во Металург, и по уште едно илјадито дадено кон нив ветување. Управата без реален план и без достојна искреност кон играчите и тренерите, дозволи тие очајнички да се обидуваат да го привлечат вниманието со најнепопуларната мерка Штрајк !

Е вечерва вниманието го привлекоа со својот настап !

Металург нагости кај во ситуацијава апсолутниот фаворит Тинекс Пролет. Неколкуте денови штрајк добро им дојдоа на Преостанатите да залечат некоја рана.

Во натпревар на еден куп ветерани, Пецаковски, Пејовиќ, Андоновски од една страна и Дупјачанец, Марковски, Хорват, од друга страна. Но и натпревар со еден куп потенцијални репрезентативци и млади надежи, Аларов, Додевски кој особен впечаток остави, Џонов кај Пролет и Лазаревски, Митиќ и Петковски кај Металург.

Домаќините свесни за количината на играчи во Металург како и за нивната психолошка слика, беа трпеливи играа полека и очекуваа гостите во еден момент да се распаднат. Но не само што тоа не се случи туку тие по воведните минути ја преземаа контролата и не ја испуштија до крајот.

Што може да се издвои како куриозитет, а имаше многу, на овој натпревар: Двајца пикери прв и втор во контра Петров и Лазаревски, Дупјачанец како октопод, вишок во одбраната на Металург, како ли само трчаа вечерва, Велко ни во своите ракометни кошмари не се гледал на централен бек во напад уште помалку на 6 ка во одбрана. Хорват постигна 12 голови. Го откривме Виктор Додевски.

Ако во времето го фативме Червар во изјава како Македонија му била експеримент, овојпат на Марковски на клупата му требаа и експерименти и куриозитети и иновативност и чуда. Па всушност имаше од се !

Имаше нова позиција, која би звучела некако вака ЛЕВ ПИКЕР. Во секој момент очекував во игра да настапи не со два ами со ТРИ пикери.

Маката чуда прави.

Голем поклон за Марковски и Јанакиевски за подготовката на тимот, овојпат Бошковски изненаден!

И еве за крај, доколку Минчо кренал раце од тимот или лошо сите не информира, предлагам РФМ со закон да го заштити овој клуб, овие играчи, овие тренери !

27.11.2021 Во населба Пролет

Македонска Супер Лига

Тинекс Пролет 29 Металург 31

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...