Подготовки
Неможеше да има подобар тајминг и подобар противник за да започне сезоната. Вардар го пречека српскиот шампион подготвен. Без Чупиќ и Валчак, практично сите останати беа во ростерот. Убаво беше повторно да сме во Јане, во домот на двократниот европски шампион. Можност да видиме во кој правец се движи клубот. Но и можност да читаме различни индикатори, од минутажа преку земени шутеви, до влијание во играта. Станува помалку веќе јасно дека тимот и играта ќе зависат во огромна мерка од два фактори. Првиот играта во одбраната и придонесот на голманите, и вториот таканаречен Ловро Јотиќ. Денес Вардар играше допадливо, брзо па на моменти и агресивно во одбраната. Халфовите, израз за 2 и 5 кој го користи почитуваниот Ѓоргоновски, често излегуваа длабоко и ја нарушуваа течноста на нападот. Средни 3 и 4, Векиќ и Глеб на моменти делуваа максимално сигурно. Позитивни критики за малиот Векиќ. Во формацијата кога на терен беа тие двајцата и уште како халфови Вујин и Дисингер, вардаровата одбрана наликуваше на ѕид па гостите немаа решение, беа нервозни и кога Џомба пресече онака шеретски и искусно за контра и резултат 6-1…практично победникот беше решен .Во нападот тонот го даваше Јотиќ. То ј прераснува во централен модерен исклучително брз и креативен бек, па посакувам долго да биде црвено црн. Вардар, играше мирно, иако со доста грешки во додавањето кон пикер, стабилен во одбраната без премногу експерименти, што му овозможи на Алушевски мирно да го води тимот и да испроба повеќе варијанти и во одбраната и во нападот.
Со што располага Вардар во моментов?
Капитенот, Столе, искусен борец, често со совети и критики кон младите и новите, Џомба стабилен и мирен, се надевам дека како што противниците ќе стануваат посериозни се повеќе ќе ја крева формата. Глеб, бескомпромисен борец, Тимур ладнокрвен стрелец, денеска му ја препушти својата позиција на Диме а овој одлично одговори како да сакаше да го оправда своето репрезентативно место. Борко на голот, статистика од која не се крева косата на главата, но доколку секогаш успева да врзе 3-4 одбрани во клучни моменти како вечерва, тогаш тоа е тоа. Вујин, малку вкочанет но сепак огромен квалитет. Е сега доаѓам до клучните енигми. Дисингер како Нескршливиот, ама Семјуел Џексон а не Брус Вилис Unbreakable 2000, Талески како енигма не само за македонската ама веќе и за пошироката ракометна јавност и талентираниот Гаџа кој како сеуште да е дојден на гости во Скопје, а всушност никогаш и не бил многу по гостите, Валчак, играч за кого има место во полскиот тим за Египет 2021, Кантегрел кој делува како фино момче и нашите Кизиќ, Јагуриновски, Карапалевски и Мишевски.
Далеку од некоја сериозна оцена во очекување на следниот не така далечен натпревар, победа си е победа !
Денес за прв пат акредитиран новинар за САМОРАКОМЕТ !