Некаде кон крајот на осумдесетите, на тогашните југословенски ТВ канали одеше серијата ” Штa би било кад би било ? “. Аца поштарот беше главниот лик, децата му праќаа писма и му поставуваа серија сериозни прашања и дилеми околу нивното растење.
Тој ги отвараше писмата, кои почнуваа со : Драг Ацо што би било кога … ги читаше прашањата и се разбира длабокоумно одговараше. Серијата остави длабок белег врз многу генерации а репликата од насловот и ден денеска ја користат милиони.
Во моето писмо до Ацо денес ги поставувам следниве дилеми!
Драг Ацо, Што би било кога во одбрана би играле без Никола Марковски, тој веќе не е така брз и тешко се движи на линијата, па противничките играчи лесно го поминуваат,
Што би било кога Тале ќе се разшутира и биде на 3 од 3, и тогаш кога делува дека и самодовербата и шутот му се вратиле например да не го вадиме од игра.
Што би било кога 3-4-5 напади немаме решение во напад да викнеме тајмаут а резултатот е сеуште егал, а не кога сме на -4,
Што би било кога Столе кој само што излезе од корона карантин, почесто го менуваме со Пешевски кој можеби игра во врвна форма во Германија. и кој многу полесно се ослободува од Блаж и дрвосечачите,
Што би било ако Капитенот го пробаме на среден, сме го гледале на таа позиција и во Нант и во репрезентација, а имаме повеќе ротација на лев и десен
Што би било кога би го повикале Куковски, еден од најдобрите дефанзивци во моментов, игра среден има срце ко планина а башка и вевчанец
Што би било кога би имале повеќе од две исклучувања на натпревар
Што би било кога би пробале во одбрана 3:3, или агресивна 3:2:1
Што би било кога би пробале 7 на 6, а ?
Драги Ацо што би било кога би било…
Ех серијата одамна ја нема, Ацо веќе не е поштар, а моите прашања ќе останат неодговорени.
Подготвен за најмалку една победа во наредниве две средби
За татковината За Македонија
Виктор Христоски