Денеска навистина се радував на овој дуел. Во пресрет на одлуките на РФМ за новиот систем и ограничувањата на тема странски играчи, ги запишувам следниве констатации.
Прво, никој па ниту еден двократен европски шампион несмее никого да потцени. Тоа и Еурофарм Пелистер и Вардар во секој натпревар го покажуваат. Браво ! Играат скоро цел натпревар со најдобрите постави.
Второ, во ниту една ситуација и во ниту еден друг сон, еден 17 годишен играч нема можност да застане на ист терен со светска класа играчи, со европски шампиони. Притоа да добие јасна порака, дека од сонот го делат неколку години макотрпна работа и тренирање и дека тоа е можно.
Трето, дека патот не е воопшто едноставен и дека никој на тацна нема да добие ништо.
Дека Тинекс Пролет, Бутел, Охрид, Струга стануваат се повеќе наши миленици и дека тоа е вистинскиот пат за развојот на македонскиот ракомет е се повеќе од јасно. Им посакувам многу успех, подршка од локалната самоуправа и бизнисот, им посакувам уште многу години стотици дечиња да копнеат да заиграат за нив.
Денеска јунаци беа Ласко и Михаил. За Ласко веќе еднаш пишувавме. Михаил Aларов 23 годишен, 197 см висок пивот од поширокиот список на македонската репрезентација, со постигнати 7 голови од 8 обиди, влегува во нашиот бележник. Тој игра во двата правци и е егзамплар за пивот од новата генерација.
14.04.2021 Скопје Македонија
СЛ разигрување
Вардар 30 Пролет 24