Tака блиску а така далеку

Јас сеуште сум приврзаник на Големата Ракометна Тројка во Македонија. Пелистер, Вардар и Металург. Но факт е дека благодарение на мистичната политика на клубот од Автокоманда, тројката полека се распаѓа. Вториот ешалон се укрупнува и таму цврсто на две нозе стојат Пролет, Охрид и Бутел.

Бутел го исконтролира натпреварот во кој однапред се се знаеше. Само искрените навивачи на Металург потајно се надеваа дека Металург ќе може да ја повтори партијата со Охрид. Марковски и Јанакиевски го подготвиле тимот за изненадување. И додека во одбраната безмалку се функционираше, проблемите се редеа во нападот. Неверојатниот Хорват не беше доволен, а кога во второто полувреме и тој подзаштека, на Кики Грчевски многу му олесна.

Од друга страна, Бутел скаутирал внимателно. Па најчесто нападите одеа одлево кон младиот физички сеуште слаб и недоволно искусен Петковски. Често напаѓаа и кај од милион повреди ослабениот Велко Марковски. Доаѓаа до ситуација за пенал или често и за 2 минути. Бутел играше цврсто и машки во одбраната, подпомогнати со Чаневски и со никаквата ротација на гостинот, мудро ја задржаа предноста стекната во вториот дел.

Имаа и гостите шанси. Но денеска со прилично отсатниот португалец и добро чуваниот Петров, и благо не заинтересираниот турчин, беа блиску а сепак така далеку од изненадување. Повторно одлична партија за Хорват, Дупјачанец би гододал и Лазаревски поготово во одбранбениот дел.

Во натпревар како од историските архиви со само 40 постигнати голови, бодовите за зацврстување на плејоф местото останаа во Бутел. За Останатите и Металург,следат уште тешки предизвици. До нова година 7 тешки натпревари.

Честитки за двата тима. Сепак победата за Бутел, бидејќи Металург во второто полувреме постигна само 7 голови, а тоа во игра со само два бека и неможе многу да не изненади. Едниот е млад и под голем притисок, Каковски, а вториот сепак е дојденец и новајлија, Озтурк.

Честитки за Бутел и Грчевски кои покажуваат дека и со екипа без ѕвезди со добра работа и стабилна финансиска конструкција можат да изградат стабилен суперлигаш.

10.11.2021 Скопје Македонија

Супер лига

Бутел 21 Металург 19

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...