Една исцрпувачка и жестока борба, исклучително неефикасна, заврши со победа на црвено црните.
Во отсуство на квалитетен среден, Крстевки и младиот Додиќ, штотуку дојден во црвеното семејство, се обидоа да сработат тоа што шпанецот им подготвил. Тоа беше тешка задача за двајцата бидејќи хрватите и искусниот Обрван беа подготвени.
Вардар во нападот немаше опции. Денеска ниту Тото ниту Њокасите, па верувале или ниту Дибиров немаа своја вечер. Напротив беа исклучително нервозни и нестрпливи.
Не помнам натпревар во кој Тимур не постигнал гол!
Дали притисокот беше преголем, или можеби периодот во кој на голем дел од играчите им истекуваат договорите, влијаеше на сето ова, во моментов неможеме да знаеме.
Она што беше повеќе од јасно беше дека Дејвис веруваше во својата одбрана и токму така го доби овој натпревар. Го лимитираа Загреб на само 9 голови во првото и 10 во второто. Па слободно можеме да речеме дека одбраната го доби натпреварот.
Иако плинарите имаа повеќе одбрани, нашиот Ристовски имаше подобар процент и можеби неколку клучни одбрани.
На темата со повикувањето на тајмаут овој пат и Обрван може да жали. Имено кога во 54 та минута повика тајмаут хрватите имаа гол предност. Тој сакаше сигурен напад за да зголеми на два. Но се случи спротивното, Вардар со серија од 4:0, го реши натпреварот.
Она што останува како убаво сеќавање од овој ракометно грд и натпревар од 20 ти век е секако одличната реализација на Талески 4/5 и моментите по крајот на натпреварот кога нашиот Чупко едноставно несакаше да ја напушти салата. Публиката го скандираше неговото име и многумина со слабо срце едноставно попуштија.
Чупиќу Скопје секогаш ќе биде твој дом !
Многу стрес, пот и сепак победа во Јане, 23.02.2022
ЕХФ лига на Шампиони
Вардар 20 Загреб 19
PS Упатувам и еден срдечен поздрав и благодарност до судиите!