Преубав ракометен ден. Во Скопје во салата автокоманда двете полуфиналиња во машка конкуренција. А потоа уште два натпревари во лигата на шампиони.
Уживање за секој ракометен сладокусец.
Во првиот дуел, Вардар на искуство и сепак на посилен ростер, иако не без проблем сепак успеа да го детронизира Металург.
Металурзите беа подготвени за напад, но играа многу динамично и во одбраната. Вардарци тргнаа споро но со неколку мали козметички измени, за кои мислам дека пред се беше виновник Чупиќ, успеаа да наметнат колку толку своја игра и по неколку измени на водство, сепак да отидат на полувреме со 2 предност.
Двајцата ветерани на головите имаа убави изданија и со по 14 одбрани можеби и беа најистакнатите поединци. Вардар на почетокот од второто полувреме ги искористи изгубените топки на металурзите па со 4-0 се одлепи и предноста љубоморно ја чуваше до крајот.
Да не заборавиме дека во ростерот на Вардар играа 5 мина со европска титула, а во Металург 3 ца кои уште немаат америчко полнолетство.
Во одбраната на Металург најистакнат беше уште еден ветеран, Велко Марковски кој освен што даваше сериозност и цврстина низ средината на одбраната, го привлекуваше вниманието и со својот hair styling.
Вториот дуел, кој беше и пред почетокот поизвесен сепак донесе дваесетина минути жесток ракомет. Бутел објасни зошто е еден од подобрите тимови од вториот ешалон. Имајќи впредвид со каков ростер располага, замене е морален победник на денот. Покажаа срце и трпеливост, внесоа јуниори во игра и спортски го признаа поразот од за класа сепак подобриот противник.
Салата во автокоманда без публика но привлече плејада ракометни имиња како дел од структурите на овие 4 клуба, ракометната федерација но и од репрезентацијата. Па така во еден момент имавме комплетна постава, Мојсовски, Ангеловски, Марковски, Наумовски, Петровски, Димовски, Недановски, Чаневски …
Во очекување на по рејтинг и ростер супер дерби, во финалето во сабота Вардар 1961 против Еурофарм Пелистер.