Завесата спуштена, повторно е Зелена!

Фото РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Заврши една од најинтересните сезони, сезона во која како во некои дамнешни времиња, титулата беше решена во еден навидум безначаен дуел.

Битолски Пелистер, во од ги изврши измените кои на почетокот на сезоната не беа на листата на приоритети. Па во една навидум изнудена ситуација, донесе едно навидум интервентно решение, кое за кратко време се покажа дека е тактични маневар и регрупирање од стратешки размери.

Клубот му беше доверен на еден Македонски херој од ракометното минато, лик со нескриена страст за ракометот, а се покажа дека е и со огромно знаење од тактички, технички па дури и психолошки аспект.

Пурино (Бранислав Ангеловски) беше 5 тиот елемент во клубот.

Пелистер во него, а подоцна под негова навигација и во Фитиљо (Филип Кузмановски) доби се она што на Пелистер очигледно му недостигаше. Стабилност, став, идеја, авторитет, знаење, машки репродуктивни органи, страст …

Пелистер, под закрила на градот и Еурофарм имаше безмалку се што е потребно, желба, цел и пари, прашење беше само кој ќе биде Франшизниот Квотербек?!

Пурино го водеше Пелистер во една исклучително тешка сезона за играње, до својата 8 титула со само 1 пораз, од Вардар во Скопје. Да, нему ќе му остане недовршена мисијата оти го изгуби купот, од Алкалоид, но несомнено важноста на титулата во првенството ќе ги излекува тие рани.

Останува, клубот, спонзорот и градот да ја продолжат ракометната платформа, од која корист ќе имаат сите, Битола и Македонија, затоа што со силен Пелистер несомнено ќе гледаме и силен Вардар, Алкалоид се надевам и Охрид и Тиквеш. Се чини дека клубот и спонзорот ги исполнија своите задачи, останува градот да го исполни најголемото и најважно ветување, Салата !

Еурофарм Пелистер е ракометниот шампион на Македонија за сезоната 2023/2024

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...