2 ракометни турнири, многу отворени прашања

Струга несомнено е референца за Македонскиот ракомет, а Струшкиот турнир бил и мора повторно да биде магнет за ракометни гиганти.

Охрид стартува многу силно, и во третата година гостите се реномирани. Како дестинација многу попрепознатлив од Струга, значи и полесно ќе доаѓа до гости.

Што е важно за двата турнири?

Македонија која самата себеси се нарекува ракометна земја, застана во развојот. Повеќе би рекол дека има сериозни пречки во целокупниот општествено економски развој, а спортот и со тоа и ракометот се колатерална штета.

Што мене ми недостасува на овие два турнири, за да можам да им дадам барем 3 ѕвезди (ако 5 се врвот) при оценувањето?

Двата турнири немаат своја веб страница. Во денешно време тоа е личната карта и пасошот на секој настан. Пребарување на информации по веб портали и социјални мрежи го сметам за несериозно, но и зборува многу за организаторите. Ги повикувам раководствата на двата турнири во периодот до следното издание да поработат на ова прашање, цените на веб страниците се во рамка од 20-30 илјади денари и тоа воопшто не е сериозен финансиски предизвик.

Втората тема која ме мачи е дополнителната програма. Вакви настани, на кои доаѓаат голем број гости и еминентни имиња е одлична прилика да се организираат работилници, предавања па дури и некои егзибициски настани. Дополнителната програма не само што ќе ги збогати турнирите, ќе ја зголеми сериозноста на самите, но и ќе привлече повеќе публика од струката.

Третата тема, всушност како под тема на претходната е организирање на настани за најмладите. Мини ракомет, дади му гол на Митревски или одбрани му пенал на Кузмановски би биле одлични за популаризација дополнителна на Македонскиот ракомет.

Четвртата тема е темата на известување. Благодарение на еден ракометен портал Струга е во понапредна фаза од Охрид, но и двата се назад со децении. Преносите на МТВ со една камера и без графика воопшто нема да ги коментирам, ќе пишам три букви ДНО!

Последната тема се однесува на инфраструктурата, Струга и понатаму е опасност со импровизацијата од една кладилница ставена како замена за Герфлор, по сите ракометари. Метежот кој се случува доколку заврне е сам по себе катастрофа. Охрид е во блага предност оти се игра во сала, но и таму има доста недостатоци. Како и да е, на Струга под итно и треба нов под и челична конструкција за покрив, за да го задржи автентичниот момент на играње на отворено, а на Охрид му треба сала со модерен под и вентилација.

За да не делува дега сум хејтер, и двата турнири секоја сезона ги очекувам со огромна глад за ракомет, за промоција на новите имиња, нормално за отстрел на дел од нив, и за поставување на патоказите пред се за нашите Македонски екипи, кој од нив ќе се натпреварува а кој ќе учествува.

Патем, паметан дека некаде далеку во осумдесетите на минатиот век, за време на турнирот во Струга немаше слободен кревет, па ноќта ја преспав во кола а татко ми на полското креветче во паркот.

Да живее ракометот!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...