2557 читатели !

Денеска го одбележуваме првиот месец од активноста на нашиот портал www.samorakomet.mk . Со огромно задоволство ги споделувам бројките и дел од коментарите за нашата работа.

2557 досега регистрирани верни читатели, 4793 сесии на порталот и вкупно 6652 пати прочитани нашите статии. Работата ни претставува задоволство. Искрено приоѓаме на секоја тема, целта ни е популаризирање на ракометот но и менување на начионот на кој го гледаме и анализираме. Ако и малку го разбранувавме, а чинам дека да, ракометниот медиумски простор, нашата мисија е успешна.

Дејан: Одлични Ви се коментарите но и анализите кои ги правите, СЕКОЈА ЧЕСТ

Кирил: Леле колумната, се наежив, Секоја чест

Александар: Се плашам дека и Тренерот волку детално може да изанализира противничка екипа !

Алек: Влеговте во друштвото на “Јаките пера”. Нема враќање назад. Секој збор одмерен, премислен и на место.

Мето: Лесни на уста и тастатура.

Борис: Вакви натписи лесно може да Ви обезбедат место на легитимни ЕХФ дописници од балканот.

Владимир: Прочитајте го ова четиво !

Филе: Секоја чест за текстот, навивачки, тврдокорен баш македонски

Ема: Многу течно и сочно пишувате, но тоа е дека добро ја познавате материјата и сакате да мислите и пишувате за тоа. Со многу малку јазични корекции, колумните се врвни-тоа е најкомплицираниот новинарски жанр. Ретко кој новинар се охрабрува да го проба а добри колумнисти се бројат на една рака-во сите области, не само во спортот !

Ристо: Со релативно малку зборови ја опфаќате целата слика, Ептен добро ! За сладокусци !

Горан: Вие сте добри во една интересна насока и редовно Ве читам, секоја чест за ентузијазмот.

Љубиша: Вие го пишувате тоа што јас го чувствувам. Браво !

Искрено ги одбрав само најдобрите коментари.

Ви благодарам на сите кои ни давате подршка, на сите читатели, ракометари и ракометни работници кои не советуваат и помагаат, сега само ми е појасно дека сме на вистински пат.

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...