Оставка, живот што значи?!

ФОТО Ирски Истражител

Во повеќе наврати низ скорешната историја имав прилика да се соочам со Македонскиот синдром на трпеливост, во негативна конотација.

За жал тој синдром влече корени векови наназад и има различна номенклатура, најчесто препознаен во едно архаично Македонско име Трпе, соддветно Трпана.

Таканареченото современо или модерно живеење, го забрза пулсот на секојдневието, држејќи го во црвено во континуитет и со многу малку отстапки. Па така и синдромот мутираше.

Денешниот човек е до тој степен нетрпелив што просто нема трпение ниту сопствените деца да ги ислуша а недајбоже туѓите. Тој нема трпение за црвеното светло на семафорот, ниту за редот на шалтерот, нема трпение ниту кога патува, ниту кога јаде или плаќа сметки. Просто современиот Македонски хомосапиенс нема трпение за ништо. Тој сака неговото дете во првиот свој натпревар да биде победник, подготвен е да се пресмета со сите за да ја оствари таа своја цел. Тој нема трпение ниту ѓубрето во корпа да го фрли а камоли да чека комплетирање на процес кој трае со години.

Инспириран од епидемијата на поднесени оставки, која кулминираше со оставката на Тен Хаг синоќа, а зопочна со оставката на Бранислав Ангеловски како тренер на РК Еурофарм Пелистер и продолжи со оставката на Владо Недановски од кормилот на РК Вардар 1961, се обидов да изанализирам и синтетизирам за што всушност станува збор. Па барајќи аналогии, всушност најдов многу повеќе тавталогии!

Да, има случај кога Тен Хаг и Бранислав Ангеловски не запишале победа во евро куп, или Тен Хаг и Недановски не освоиле Шампионска Титула, освен некој куп, но она што е посимптоматично е дека во сите 3 случаи, се повторува и станува клучна реториката на јавноста. Бесилки, Гилотини, Прогонства и широк дијапазон на желби за интимни односи со поширока околина, се реторика која доминира.

Искрено, големата слика од Манчестер ниту ја гледам ниту ме интересира, но пошироката слика од Широк сокак и Јане, имам можности да ја восприемам.

Фото РК ВАРДАР 1961

Да тргнам од поблиску, во Јане ситуацијата не чини од падот на владата на Груевски и тоа е јавна тајна. Таа, владата на бегалецот, со нескриена желба и упорност создаде услови Македонски клуб да биде на врвот. Која им била замислата, што им била целта и зошто им било толку важно навистина незнам, но знам дека по принципот леб и игри, милиони Македонски срца чукаа во еуфоричен ритам.

Оттогаш наваму Вардар се мачи да преживее и само одлучност на Михајло Михајловски да го одржи во живот го дели од сценариото РК Металург. Но од друга страна на сите веќе добро им се познати и методите на стариот лисец, па така во услови кога и врапчињата во Загреб знаат дека постои бунт меѓу играчите за неисплатените плати, промената на шефот на стручниот штаб и носење шокантно име од надвор е класичен дефокус и купување на време. Едни други врапчиња говорат за една пролет која треба да дојде и да смени се на подобро, но дали принесувањето на жртва, тренерска ја оправдува целта?

ФОТО РК Еурофарм Пелистер

Под Tумбе кафе друга дијагнозата. Таму пари не проблем, таму проблеми многу повеќе. Инфрастуктура, авионска поврзаност, градинки и училишта на англиски, хотелски капацитети и на крајот административно логистички недостатоци. Повторно чаршијата судеше, и главата на Пурино ја наденаа на оградата заедно со главите на Јовиќо, Валтеро, Бабиќо, Србино, Аљушо…

Нетрпеливи

Двата клуба веруваат во шок терапиите, публиката желна за крв, сита, вистинското прашање, кај тераат овие, сепак неодговорено.

Во една таква ситуација, еден трет спортски колектив, изложен на подсмев и булинг, распнат од сите страни, тивко се качува кон врвот на Македонскиот ракомет. Вакциниран од надворешни влијаниа, отпорен на говорот на јавноста, го користи моментумот и се вози на чело на колоната веќе 7-8 кругови. Веќе два спринта успеа да добие, а со денешната ждрепка му се насмевнува и осминафиналето на европскиот Куп.

РК Алаклоид, исплива како прв фаворит за титула во Македонија, во услови на есенски чисти во другите дворови!

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...