Ракомет а не фудбал

Впрочем македонскиот медиумски простор и неговата содржина, беа тригерот за појава на САМО РАКОМЕТ.

Така и денеска очекувајќи позитивни одговори од вибер групата, за ракометна средба во една од скопските кафани, за заедно да се изгледаат полуфиналињата, прочитав наслов и благо ме испровоцира.

Еве го насловот во целост: “Шведска и Норвешка како да играа фудбал а не ракомет”!

И нормално како што секој љубопитен ракометен страственик би направил, веднаш клик. Па вели, парафразирам, екипите одиграле брз, тензичен и борбен натпревар?

Е сега веднаш си помислив дека завршило 2:1, ама не 47 погодоци паднале. Па се сетив и на еден наш стар познаник за кој навистина сега незнам каде е и што работи, но беше вистинско освежување во ЕХФ етерот. Том Обраниган, беше воодушевен од Скопје, од Македонија, од атмосферата во сала, мислам дека почна да му се допаѓа и Вардар дури. За “пљескавицата” сме сигурни, бидејќи лично во Јане, во еден меч на неделата каде Вардар издоминира, изјави дека само неа ќе ја памети од ова гостување. За него ќе речат:

Том е еден од значајните катализатори што ги поврзува луѓето од целиот свет со спортот на ракометот. Тој го воздигна коментирањето во светот на ракометот, донесе возбуда, а за многу луѓе ги натера да се чувствуваат како дел од таа игра, или во која арена и да беше.

Истиот, инаку островјанин по потекло, многу често го прашувале како одбрал ракомет а не фудбал, иако доаѓа од прататковината на фудбалот. Одговорот му бил искрен и едноставен, тој бил многу динамична личност и просто не би можел да коментира натпревар 2 часа одприлика и притоа на семафорот да стои 0:0 ?!

Оттука, како што исто така еден истакнат наш спортски коментатор би ја почнал реченицата, па натаму би додал, дека, брзината, динамиката, возбудата, пресвртите, бројот на погодоци, интервенции на голманите, асистенци, ѕвездени тимови и играчи, а во поново време и се повеќе акробации и атракции, се повеќе наликуваат на кошарката и тоа онаа изворната, од преку барата, отколку на најважната споредна работа.

Но сепак тоа е само мое скромно мислење. Во отсуство на Македонија, па на заменската ни, Црна Гора, ми испаднаа и летачките лалиња, останува само дa одбереме добра кафана, се друго е небитно.

ФОТО ЕХФ Viggó Kristjánsson 👉 From football to handball

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...