Спортот е поздрав од политиката !

Крајот на годината календарска е одличен период да се сумираат настаните и личностите, предвидувањата и остварувањата.

Ние во Македонија веќе 16 години, не, лажам, 30 години живееме во лага! Поминаа 16 откако ни дадоа кандидатски статус за влез во ЕУ и дефинитивно приказната за магарето и морковот била вистинита. Е ама многу болна. А пак поминаа 30 години откако ни се случи проклетството на тоа што сме и на тоа каде сме, Македонци во Македонија. Наликуваме помалку на Палестина или не?

Мојот политички ангажман имаше две по се изгледа прилично неуспешни мисии.

Првата некаде во девеесетите на минатиот век, кога во студентскиот занес верував во подобра Македонија, а втората, не така одамна кога помислив дека е дојдено време да се создаде една критична маса на зрели и остварени личности, кои немо гледаат што се и се случува на оваа напатена Македонија и на овие излажани македонци, па да ги земат уздите во свои раце за подобра иднина.

Двапати неуспеав, немав капацитет, немав сила ниту дрскост, не бев упорен, не сакав да се борам со противници кои не се моја категорија. Е ама еден мој пријател со кој пак имавме потенцијал политички, ми рече:

Вицка батали политика, спортот е поздрав !

Така и би, иако мојата прва љубов беше фудбалот, а втора кошарката, испадна дека третата ракометот ми била таа вистинската.

Некаде есента 2020, во удобноста и топлината на едно прекрасно охридско хотелче, започна да се создава САМОРАКОМЕТ. Најпрво како надмудрување во една навивачка група, потоа како фејсбук статуси, па кратко преку колумни за угледниот 24 Ракомет, се до официјаното стартување на веб порталот некаде пролетта 2021 година.

Сега сакам да ги споменам личностите кои имаа свое влијание во создавњето на САМОРАКОМЕТ и хронолошки да ги издвојам настаните кои беа во нашиот фокус.

Тања Бланси, Александар Бицевски, Тоше Зарински, Мац Цацановски, Виктор АвтоПлус, Фингер Фичорски, Горан Антевски, Златко Јанакиевски, Иван Марковски и Александар Табаковски, беа луѓето кои сакајќи или не придонесоа да дојдеме до оваа форма во која сега сме. Ви благодарам од се срце !!!

Јануари

Македонија доби покана да настапува на светското првенство во Египет, откако баражите со Франција беа суспендирани а Чешка поради корона проблемите отпадна. Предвидовме дека првенството ќе биде поинакво а за нас клучно. Впрочем така и беше, Брестовац не успеа, се повлече а на негово место нешто подоцна беше назначен Кирил Лазаров.

Февруари

Вардар и Металург ја продлабочуваа кризата, Пелистер топло ладно, а Кирил Лазаров беше избран за новиот предводник на Македонија, почна новата ера.

Март

Македонија ја победи Данска, светскиот шампион ! Нескромно, ја предвидовме и на кладилници заработивме 4500 денари !

Април

“Виктор страната е сега жива” пораката од Фичоро, ФИНГЕР на 7 април !

Мај

Мајот го одбележаа куп натпреварите во Македонија и ЕХФ Ф4 во Лигата на шампионите за жени.

Јуни

За жал една од најголемите трагедии во македонскиот спорт, почина Марко Божиновски.

Јули

Јули го обележаа младите сили на македонскиот ракомет, најмалите, девојките најсветла точка.

Август

СЕХА лига, се сеќавате ли на неа?

Септември

Вардар со Вујовиќ најави успешна сезона во ЕХФ ЛШ.

Октомври

Инервјуто со Живко Мукаетов, претседателот на РФМ, многумина се прашуваа зошто кај Вас?

Ноември

Стартуваше видео подкастот САМОРАКОМЕТ !

Декември

Вујо неславно замина, почна лицитацијата на новите имиња за тренер во Вардар и во Битола се одигра дербито со публика. Почна светското првенство за жени повторно без Македонија.

Ух колку ја сакам оваа страница…

Сподели на

ЧИТАЈ РАКОМЕТ СО ГОРАН ЃОРГОНОСКИ....

Се уште СВЕЖО....

ПОСЛЕДНИ 5...