Во ерата на ладната војна со ЕХФ И ИХФ, навистина не беше тешко да се пронаоѓаат забелешки. Прашање беше колку убавина, возбуда и неизвеснот ќе видиме во финалето.
Нашата балканска јужна врела крв, навикна на епски дуели, беспоштедна борба, солзи, неправди, црвени картони, судии виновни за се !
Но реалноста е малку поинаква ! Во мода е студенилото, беспрекорната изведба, играчи кои безмалку никој не ги знае и само искусното око на експертите ќе може да Ви покаже кој и зошто победил.
Во својата анализа пред но и по натпреварот почитуваниот поранешен тренер на Вардар и на Македонија, Драган Ѓукиќ детално и со чист речник објасни зошто Данска е повторно Светски Шампион. Најважно е дека ракометот се игра, уште поважно е дека се потребни промени од корен, за да оваа прекрасна игра расте и понатаму.
Како забелешка е податокот дека Франција во фудбалот доби од ФИФА 29 милиони а Данска од ИХФ 80 ИЛЈАДИ долари.
Денеска во Скопје на редовното собрание на РФМ реизбран е Живко Мукаетов за претседател и тоа сега е најважното за иднината на македонскиот ракомет. Во очекување на новиот селектор на Македонија со тешко срце им честитам титула на Данците и со нетрпение ќе го очекуваме дуелот во Скопје на 10 март, за да видиме во кој правец патуваме !