Фото РК Еурофарм Пелистер
Кога искусен математичар и статистички фанатик би ја анализирал синоќешната утакмица во Париз, од ракометната лига на Шампиони, најверојатно вака би започнал. Да објаснам, буџетот на Пелистер изнесува 1,9 милиони евра а на Париз 17,1 милиони евра.
За да не биде приказната со бројките куса и егзактна, додавам уште неколку статистички параметри.
ПСЖ упати 51 удар кон голот на Пелистер, а Пелистер 44 кон домаќините, французите загубија 8 топки, македонците 14, најдобриот поединец кај ПСЖ Пранди постигна 11 голови со 69% реализација, кај нас Кузмановски постигна 4 со реализација 40%. Згора на тоа на терминаторот му помогнаа Шипшак со 8 и Јахија со 6 голови а нашиот капитен имаше поддршка само од Манасков со 5 голови.
Математички прилично јасно, на теренот поприлично различно. Иако самиот резултат наговестува дека ова било лесна победа, воопшто не беше така. Впрочем течеше 50 тата минута а екипите беа егал.
Што точно се случи во последните 10 минути?
Верувам дека има различни толкувања, но само едно никогаш не би ја објаснила црната дупка во која паднаа пелистерци.
За домашна задача најверојатно повеќе теми ќе бидат потребни. Физички дополнителна подготовка, доста работа и со спортски психолог, да играат Давид и Голијат но тука треба да се црпи мотивацијата, Кабадајата да оди на дополнителна настава кај неговите и можеби уште нешто.
Пелистер во повеќе наврати покажува дека може да си ги мери силите со големите, по победата над Загреб сега и овој перформанс ветува подобри денови. Веќе следната среда во Битола гостува ГОГ, одлична можност, да, за втора победа.
Главите горе, мислите фокусирани, Битола заслужува Осмина финале годинава!
18.09.2025 во Париз, дувлото на европското лицемерие, ПСЖ 33 Пелистер 27