Фото РК Алкалоид
Во годините на славата на македонскиот клупски ракомет, манифестирана со три екипи во групна фаза од лигата на шампиони, во еден четврток во Скопје како коментатор на Мечот на неделата гостуваше новинарот и коментатор со островско потекло Том Обранаген.
На вчудоневидувањето на ракометните фанови и љубители им нема крај. Како е можно еден претставник на островот, за кој се шпекулира дека е колевка на фудбалот, да е луд по ракомет???
Том накратко објаснува, Фудбалот е едноставно досаден, повеќе од 2 часа трчање горе доле по топката и најчесто без ниту еден погодок. Во ракометот за истото време имаме преку 60 голови безброј асистенции, голмански вратоломии и што уште не.
Зошто и покрај овој факт ракометот сеуште е во дебела сенка на фудбалот?

Фото РК Алкалоид
Еве пример, во Скопје се игра супер дерби, два непоразени и два тима конкурети за титула. Во земјата каде ракометот е спорт број 1. Салата ако кажам полупразна ќе згрешам но пополнета едвај 60%. Недела е неработен ден, врне и што уште е потребно?
Дуелот помеѓу Вардар двократниот освојувач на лигата на шампиони и Алкалоид актуелниот освојувач на евро купот, во кој играат еден куп македонски репрезентативци, не е доволен предизвик за македонската публика.
Ако се вратиме години наназад кога од Келн го пречекувавме Вардар во Скопје со безмалку 100,000 луѓе на плоштадот, сигурно неможевме да проектираме ваква иднина.
Елче и Бурмут, Нотингем и Хетафе, Копенхаген и Бодо Глимт… сите тие се погледани од Вардар Алаклоид.
Зошто е тоа така?
Ајде малку и со статистика, вчера во Јане беа постигнати 62 погодоци, 7 исклучувања, имаше 17 голмански интервенции, едно чудо атрактивни голови, бомби, шрауби, суви листови, дуел на титани, темпо како на некоја видео игра. Вардар победи, Алкалоид парираше безмалку 50 минути, и не само што парираше туку во неколку наврати водеше, немаше рамнодушен гледач по натпреварот. Сложни во коментарите дека гледавме натпревар достоен за Лига на шампиони, ако не за Лига Европа сигурно.
Тажна беше сликата и на градски каде фудбал играа две македонски екипи а гледачи имаше помалку од бројот на гласачи во Бач.
Каде нешто сериозно сме згрешиле, зошто побогу толку милиони евра се слеваат во спортот, за кого воопшто постојат спортските натпревари?
Инспириран од посетата на последните неколку ракометни натпревари, дополнето со македонскиот фудбал, а поттикнат од синиќешниот супер дел кој го доби Вардар.
