Фото СамоРакомет
Со години бројот 45, ме асоцираше на крајот на втората светска војна, но секако, ми будеше чувство на олеснување и триумф.
Денес имав прилика да присуствувам на одбележување на една сериозна годишнина. Впрочем, не можев да помислам, а моментот го одбележа и Филип Миркуловски во своето излагање, дека постои такво партнерство кое трае.
Да, сите ние совршено јасно ја врзувавме ракометна Македонија со Скопско и на сите ни беше совршено јасно дека Скопско стои зад ракометот. Но дека станува збор за 45 години, просто делува неверојатно.
Цврстите врски, релации кои се негуваат, се исклучително ретки, а од неверојатно значење. Па така ракометната федерација успева да изгради имиџ на организација која заслужува да биде поддржана, а таа пак од друга страна им возвраќа на своите мецени со безброј прилики во кои сите ние се гордееме.
Да се поддржува спорт или култура на сите им е јасно дека не носи материјален мерлив бенефит. Но од друга страна, зборува за длабочината на луѓето и компаниите кои се способни да препознаат и да се впуштат во таква мисија.
Пивара Скопје, ти благодариме што постоиш, што го поддржуваш нашиот ракомет и што даваш пример како треба една моќна организација да се однесува кон општеството.
Наздравувам со едно Вајс,
за многу години соработката …
